Групна изложба „Аквизиции и донации (2014 – 2024)“ во Националната галерија

June 19, 2025
1 min read

 Во Националната галерија, во објектот Чифте вечер ќе биде отворена групната изложба „Аквизиции и донации (2014 – 2024)“. Проектот се однесува на откупените и подарените дела на колекцијата на Националната галерија во период од 10 години и е всушност прва изложба од овој тип во рамките на активностите на галеријата.

Како што соопштија од Националната галерија, претставувањето на аквизициите и донациите е редовна пракса во светските музеи, со што се постигнува поголема видливост на колекциите, запознавањето на јавноста со делата и авторите, со што секако се допира и едукативниот сегмент на презентацијата.

-Притоа, една од потребите за реализација на ваков проект и вид на презентирање е содржана во основата на визијата и мисијата на музејското работење – собирање, чување, истражување, заштита, презентација и публикација на музејскиот материјал. Музеите како чувари на културното богатство на делата прибавени по пат на откупи и добиени како подароци од авторите, се воедно и рефлексија на тековната уметничка практика, и од своја страна ги потенцира приоритетите и значењето на колекциите преку, се надеваме, континуирани откупи од страна на државните фондови и селекција од страна на стручни лица. Заради обемот на дела прибавени во последните 10 години, а изложбата ќе биде претставен селектиран избор на дела, посочија од Националната галерија.

Како издвоен дел од оваа селекција, како што потенцираат, ќе бидат изложени и уметнички слики од легатот на Лазар Личеноски, кој зад себе остави големо наследство, движно и недвижно.

Од 2015 година по желба на неговата сопруга Зое, куќата на Лазар Личеноски (изградена во 1961 година, по план на славниот македонски архитект Славко Брезоски) станува сопственост на Националната галерија, и врз неа тековно се изведуваат конзерваторско-реставраторски зафати. Со тоа и значителен легат на Личеноски кој содржи е 122 слики, 37 мозаици и 5 зграфита, дела на Личеноски, како и 77 дела од други автори, 21 икона (XVIII – XIX век) и голем број етнолошки, библиотечен и архивски материјал е предаден на Националната галерија.

Кустос на изложбата е Маја Чанкуловска-Михајловска, виш кустос, и соработник м-р Владимир Таневски, кустос. Изложбата ќе биде отворена до 31.7.2025 година.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

НАМЕСТО ВО ЈУЛИ, ФЕСТИВАЛОТ СИНЕДЕЈС ЌЕ СЕ ОДРЖИ ВО ДЕКЕМВРИ

Следно

Драстичен пад на првачиња во Битола – само 529 ќе ја започнат учебната година

Latest from Blog

Божиновска-Штајн вон Камиенски: Успешната соработка со KfW-предуслов за реализација на клучни проекти за стабилен енергетски систем

На средбата беше разговарано за тековните енергетски проекти, како и за продлабочувањето на взаемната соработка на полето на одржливата енергетика. Се дискутираше за неколку клучни проекти кои се реализираат со поддршка на

Минчев од Белград: Конкретни чекори за поефикасна администрација и продлабочена соработка со Србија

Министерот за јавна администрација Горан Минчев од Белград потенцираше дека соработката меѓу Република Македонија и Република Србија во областа на јавната администрација навлегува во поконкретна фаза, со јасно дефинирани активности и механизми

Два пенали, две водства на „црвените ѓаволи“ и реми за крај

фото: Premier League (X) Фудбалерите на Манчестер Јунајтед продолжија со просечни резултати на гостински терен во Премиерлигата, ремизирајќи 2:2 против Борнмут во првиот натпревар од 31-то коло. Почетокот на натпреварот на југот
Go toTop