Седум години од Преспанскиот договор: Што исполни Скопје, а што не исполни Атина?

June 17, 2025
1 min read

Влез во Нато но и трнлив пат до ЕУ, многу нереалзиирани ветувања и надежи за европска иднина.Седум години по потпишувањето на преспанскиот договор се сумираат резултатите. Што и донесе на земјава договорот од Преспа кој ги помири Македонија и Грција и требаше да значи историски пресврт за европска иднина!? 

Македонија го промени уставното име, пасошите, регистарските таблици, имињата на министерства и инстуциите, додека Грција сеуште ги нема променето ниту сообраќајните знаци со новото име на државата, сеуште стојат старите со Фиром и Скопиа, а не се ратифукувани и три меморандуми за соработка. Голем дел од потенцијалот на договорот останаа неискористени велат експертите ,а дополнителното вето од Бугарија го подгреа скептицизмот кај граѓаните кои се прашуваат дали залудно го сменивме името !?  

Критикуван, оспоруван и неприфатлив за многумина, договорот последнава година се спомнува и како потенцијален модел за уставни измени со одложено дејство  за надминување на спорот со Бугарија и деблоакда на патот кон ЕУ. 

 ,,Го потпишавме во вистинско време инаку ќе бевме под притисок да го прифатиме уставното име на соседната земја” рече во една прилика поранешниот премиер на Грција Алексис Ципрас во чиј мандат се потпиша договорот.

,,Не само што беше вистинското време туку ако не го потпишевме договорот тогаш работите можеа да „скиснат“, не само да созреат.Без оглед кој е на власт ќе бевме под притисок да го прифатиме уставното име на соседната земја- изјави Ципрас.

Денеска седум години подоцна поранешниот премиер Зоран Заев до Ципрас во честитката изрази благодарност и среќа за постигнатото долгогодишно пријателството преку договорот.

,,Во ова време на војни и хаос во светот, исклучително сум среќен што успеавме да го постигнеме Договорот во Преспа, да изградиме долготрајно пријателство помеѓу нашите соседски земји.„Исто така и да оставиме позитивен пример на Балканот, Европа и светот дека може да се постигне договор преку дипломатски канали, дури и за најтешките прашања помеѓу земјите. 

Договорот од Преспа беше потпишан на 17 јуни 2018 година, во малото село Нивици (Псарадес) на брегот на Преспанското езеро од грчка страна. 

 Го потпишаа тогашните министри за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас, а во присуство на тогашните премиери Зоран Заев и Алексис Ципрас, посредникот во преговорите Метју Нимиц, поранешниот еврокомесар за проширување Јоханес Хан, поранешната висока претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и други високи меѓународни претставници, како и претставници на двете земји.

Договорот официјално стапи на сила на 12 февруари 2019 годин. Со новото име, Северна Македонија стана 30-та членка на НАТО.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Телефонски разговор Муцнски – Калас: Македонија е посветена на европските вредности – владеење на правото, дијалог и добрососедска соработка

Следно

Мицкоски бара дела, не зборови: Испитот за Софија е на 24 јуни во Брисел

Latest from Blog

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30
Go toTop