Телефонски разговор Муцнски – Калас: Македонија е посветена на европските вредности – владеење на правото, дијалог и добрососедска соработка

June 17, 2025
1 min read

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Мучунски, попладнево оствари телефонски разговор со високата претставничка на Европската унија за надворешна политика, Каја Калас.

Во разговорот, високата претставничка Калас ја потврди континуираната поддршка за европската интеграција на Република Северна Македонија.

Министерот Мучунски ја реафирмираше посветеноста на нашата земја на европските вредности – владеење на правото, дијалог и добрососедска соработка – како темели на процесот на пристапување кон Европската унија.

Во рамки на разговорот стана збор и за регионалното поврзување, при што министерот ја подвлече поддршката за Коридор 8 како стратешки приоритет за инфраструктурна интеграција на регионот.

Соговорниците разменија мислења и за состојбите на Блискиот Исток, заеднички нагласувајќи ја потребата од почитување на меѓународното право и избегнување на понатамошна ескалација.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Заев упати честитка до Ципрас по повод седумгодишнината од Преспанскиот договор

Следно

Седум години од Преспанскиот договор: Што исполни Скопје, а што не исполни Атина?

Latest from Blog

Трамп најави отворање на воена база во Полска: Одлична вест!

Во објавата, Трамп ја пофали соработката со полскиот претседател Карол Навроцки. „ОДЛИЧНИ ВЕСТИ! Благодарение на храброто водство на мојот пријател, полскиот претседател Карол Навроцки, постигнат е голем напредок кон воспоставување американска воена

Protestuesit nisin të mblidhen para Qeverisë

Qytetarë të shumtë kanë nisur të mblidhen edhe sonte në sheshin “Skënderbeu” në Prishtinë, për të protestuar pas vendimit të Gjykatës Speciale në Hagë për dënimin e ish-krerëve të Ushtrisë Çlirimtare të
Go toTop