Трамп испрати маринци во Лос Анџелес

June 10, 2025
1 min read

Федералната влада на САД испрати дополнителни 700 маринци и 4.000 припадници на Националната гарда во Лос Анџелес, како одговор на протестите што избија поради имиграциските рации.

Потегот на претседателот Доналд Трамп наиде на остра осуда од страна на властите на сојузната држава Калифорнија, кои го оценија како „авторитарен чин“ и поднесоа тужба против федералната влада. Демонстрантите блокираа неколку автопати во градот, запалија возила и оштетија голем број на продавници. Доналд Трамп пак ја активираше националната, која со солзавец и гумени куршуми се обиде да ги растури протестите.

Досега се уапсени преку 50 лица. Центарот на Лос Анџелес е прогласен за нелегално место за собирање, поицијата се закани дека ќе го уапси секој кој ќе се затекне таму, но демонстрантите најавуваат дека нема да запрат.

– Трамп сака да не оквалификува како криминалци и крадци но ние сме тука со знаци и само сакаме да кажеме дека тоа што го прави е погрешно и ова е наша заедница.“

– Не сакаме да гледаме толку полиција на улиците.

Од полицијата во Лос Анџелес предупредуваат дека насилството на улиците на градот се зголемува.

Насилството што го гледаме е одвратно. Ескалираше во изминативе денови. Она што го видовме првата ноќ беше лошо, но следите денови стана уште полошо и понасилно. – Џим Мекдонел шеф на полицијата на Лос Анџелес.

Градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас, апелираше до граѓаните да протестираат мирно, но и осуди дел од насилството. Ја обвини владата за целиот хаос кој настана и порача рациите немат никаква врска со националната безбедност.

-Рациите мора да запрат. Тие воопшто и не требаше да се случат во нашиот град. Единственот онешто кое го постигнаа зголемување на хаосот. Тој хаос почна во Вашингтон. Во четвртокот, градот беше мирен, во петок работите се променија поради интервенција на федералната влада. – Карен Бас градоначалник на Лос Анџелес.

Во Лос Анџелес живеат повеќе од 3,5 милиони имигранти. Ова не е само политичко прашање, туку директно влијае врз секојдневниот живот на нашите сограѓани“кажа Серџио Перез од Центарот за човекови права и уставно право. Ситуацијата останува тензична, додека федералните агенции најавуваат нови акции, а државните власти предупредуваат на „ескалација без преседан“по што би можело да има сериозни последици врз уставниот поредок.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Димитров во Аргумент плус: Во 2025 година премиерот кажува дека младите треба да имаат повеќе деца а владата не може да ја зголеми минималната плата

Следно

СДСМ: Мицковски навечер ги навредува родителите, наутро вели „заедно сме“

Latest from Blog

На Зимските олимписки игри ќе нема агенти на ICE- заканите со протести ги одвратија

Ниту еден агент на американската Служба за имиграција и царинска контрола (ICE) не ја обезбедува американската олимписка делегација на Зимските олимписки игри Милано-Кортина, изјави денес за новинарите висок безбедносен службеник на Олимпискиот

На чичко Драги од Рекорд му е потребна помош: Го чекаат две операции, се наоѓа во болница

Драги Паровски, познат како Чичко Драги од Рекорд, повеќе од 30 години продава дре­бу­лии на својата тезга кај „Рекорд. По операцијата на рак на грло која ја имаше пред неколку години, чичко

Словенија најавува забрана за социјални мрежи за деца под 15 години

Словенечката влада усвои насоки за измени на законот со кои би се ограничило користењето на социјалните мрежи за деца помлади од 15 години, пренесе словенечката агенција СТА. Вицепремиерот Матеј Арчон изјави дека

Димитриеска Кочоска: Буџетските реформи ја зајакнуваат финансиската стабилност

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска заедно со премиерот Христијан Мицкоски и членовите на Владата оствари средба со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија, на која се разговараше за спроведувањето на

Под истрага е директорот на Светскиот економски форум поради поврзаност со педофилот Епштајн

Организаторот на самитот во Давос, со седиште во Женева, изјави дека ги испитува информациите од Министерството за правда на САД кои покажуваат дека Бренде имал три деловни вечери со Епштајн и комуницирал
Go toTop