ПОЧИНА ХРВАТСКИОТ МУЗИЧАР МАТИЈА ДЕДИЌ

June 9, 2025
1 min read

Матија Дедиќ, еден од најзначајните современи хрватски музичари, почина на 52 години. Потекнуваше од славно музичко семејство: тој беше единствениот син на кантавторот Арсен Дедиќ и пејачката Габи Новак. Иако изложен на разни музички стилови во едно такво окружување, Матија Дедиќ се посвети на џезот.

Роден е на 2 март 1952 во Загреб, каде што го завршил средното музичко образование, а дипломирал џез на Уметничката академија во Грац, Австрија. На петгодишна возраст почнал да свири клавир, а подоцна открил дека џезот му дава можност за покреативен и поличен поглед на музиката.

По дипломирањето во 1997 се вратил во Загреб и бргу се стекнал со голем углед на хрватската музичка сцена. Формирал свој џез квартет, со кој следел бројни светски џез ѕвезди

Од крајот на 1990-тите почнал да создава свои авторски дела под името „Матија Дедиќ трио“. Настапувал низ Европа и САД, пишувал музика за театар и телевизија и соработувал со популарни музичари од хрватската поп сцена.

Во 2000 потпишал договор со дискографската куќа „Кантус рекордс“, за која го снимил првиот соло албум. За вториот албум освоил три награди Порин. Подоцна објави албум со обработки на песни од татко му Арсен Дедиќ.

Матија Дедиќ често настапуваше и во Македонија, вклучувајќи го Скопскиот џез фестивал во 2020. Последниот настап во Македонија го имаше лани во август во Битола.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Успешна евакуација на повредено лице од Шар Планина со хеликоптер на Армијата

Следно

Соња Михајлова – лауреатка на наградата за животно дело на МТФ „Војдан Чернодрински“

Latest from Blog

Кој и зошто и подметна БУГАРСКО ЗНАМЕ на Цеца на концеротот во Велес?

Концертот на српската пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ, што се одржа вчера во спортската сала „Гемиџии“ во Велес, заврши со инцидент кој предизвика бурни реакции во публиката. За време на настапот Цеца во

Европските демократи со студентите кои бараат одговори за трагедијата во Нови Сад

Европските демократи објавија дека се со милионите студенти кои денеска ќе излезат на улица за да ги постават прашањата „од кои се плаши системот“, имено кој дозволи пад на настрешницата на железничката

Дрон предизвика доцнења и пренасочувања на летови на аеродромот во Берлин

ДРОН забележан во близина на аеродромот во Берлин во петокот вечерта предизвика доцнења и пренасочувања на летови, соопштија властите. Летовите до Базел, Осло и Барселона беа приземјени, додека летот од Лондон до
Go toTop