ИРЛ: Фирма на Вице Заев во Бугарија инкасирала девет милиони евра од државните пари за набавка на јаглен

June 3, 2025
1 min read

Фирмата на братот на експремиерот и поранешен лидер на СДСМ, Зоран Заев, во бизнисот од кој профитирале десетина компании, влегла од втор план, односно била ангажирана од компанијата „Зобек мининг“ чиј сопственик е македонскиот државјанин Енис Колашинац и која имала добиено договор за набавка на јаглен за домашните енергетски капацитети со државната компанија ЕСМ

Поврзаноста на „Зобек мининг“ со опозициската партија СДСМ води и до сегашниот лидер Венко Филипче. Минатата година ИРЛ дојде до фотографија на возило „ауди“ кое за време на предизборната кампања го возеше Филипче, а се водеше на име на фирмата „Зобек мининг“. Колашинац за ИРЛ потврдил дека возилото било земено на лизинг за компанијата, но денес е во лична сопственост на Филипче

Девет милиони евра. Толкав бил делот од колачот што завршил кај бугарска фирма во сопственост на братот на поранешниот премиер Зоран Заев, бизнисменот Вице Заев од набавките на јаглен што државната компанија АД „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ) ги склучила од 2022 до денес за да ги обезбеди домашните електрани со енергенси за стабилно производство на електрична енергија.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Отоманскиот воен оркестар започна со настапи пред палатата Долмабахче во Истанбул

Следно

Вака изгледаше ерупцијата на Етна од вселената

Latest from Blog

САД испраќа засилување на Блискиот Исток- пристигнуваат специјалци за воздушен десант

Пентагон веројатно ќе испрати неколку илјади војници од елитната 82-ра воздушно-десантна дивизија на Армијата на Соединетите Американски Држави на Блискиот Исток, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на два неименувани извори. Изворите не

Мицкоски на средба со германските амбасадори во регионот: Економските партнерства и европската интеграција во фокусот на разговорот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата оствари средба со германските амбасадори во регионот, на која разговарале за продлабочување на билатералната и регионалната соработка. Информацијата за состанокот ја соопшти преку објава на својот
Go toTop