Од 1919 до денес – фудбалот во Велес доби своја книга

April 27, 2025
1 min read

Сто години љубов кон фудбалот на едно место. Велес синоќа ја доби својата прва монографија посветена на фудбалот „100 години фудбал во Велес“, авторско дело на Ѓорѓи Минов и неговиот истражувачки тим. Книгата, на повеќе од 200 страници во боја, го опфаќа целиот век на фудбалска историја во градот, од првите натпревари во 1919 година, до современите генерации.

Монографијата е збогатена со ретки фотографии од фудбалски легенди од Велес, но и од цела Македонија, како и со автентични исечоци од весници, кои авторот грижливо ги собирал повеќе од две децении.

Проектот го поддржа поранешниот фудбалер, а сега прв човек на фудбалскиот Синдикат Панче Ќумбев, кој се јавува како уредник на изданието. Според него, целта била да се остави трага за идните генерации, за да знаат дека Велес отсекогаш живеел со фудбалот.

Велешката и македонска фудбалска легенда Мирсад Јонуз со гордост се потсети на првите голмански чекори во Борец.

За ракометната икона Пепи Манасков оваа монографија е богатство за градот и за целата држава. Емоции предизвика и обраќањето на некогашниот фудбалски ас на Вардар и екс тренер на Борец, Кочо Димитровски, кој нагласи дека вакви проекти ја чуваат живата спортска меморија на Македонија.

Во создавањето на монографијата учествуваа спортските ветерани Томислав Шескокалов, Ристо Сугарев и Димитрија Андонов и уште многу други. Монографијата „100 години фудбал во Велес“ е објавена во 300 примероци, сведоштво за градот што отсекогаш знаел како се игра и како се сака фудбалот.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

По бод за водечките во фудбалскиот шампионат Шкендија и Силекс

Следно

Анкета: Граѓаните бараат промени во Судскиот совет и кај јавниот обвинител – СДСМ: Со 400.000 евра тендер за анкети се платени манипулациите на Маркет Вижн

Latest from Blog

Не запира епидемијата на ебола во Конго, починаа речиси половина од заразените

Според најновите бројки од Светската здравствена организација (СЗО), инфекции се регистрирани во 63 здравствени зони во седум од 26-те провинции во земјата. Најновите потврдени случаи се Булу во провинцијата Суд Убанги и

Општина Битола: „Чкембари“ слават 41 година – подготвен спектакл за „осмиот играч“

Општина Битола и РК „Еурофарм Пелистер“ подготвуваат посебна фан-зона „Осмиот играч“ по повод 41 година од постоењето на навивачката група „Чкембари“. Фан-зоната ќе биде отворена во среда од 18:00 часот на платото

Најмалку десет непалски водичи исчезнаа во лавина на Хималаите

Алпинистите го подготвуваа теренот за претстојната експедиција, јавува Би-Би-Си. Според информациите од организаторите на искачувањето, станува збор за локални водичи кои биле на почетната точка во близина на врвот Химлунг Химал, во
Go toTop