По бод за водечките во фудбалскиот шампионат Шкендија и Силекс

April 27, 2025
1 min read

Лидерот Шкендија и второпласираниот Силекс не ја искористија предноста од домашниот терен и освоија по бод во денешното 29. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), во рамки на кое не се доигра дуелот меѓу Гостивар и Работнички, откако домашниот тим го напушти теренот.

На стадионот во Маџари, Работнички со пресврт дојде до водство од 2-1, а незадоволни од судиските одлуки фудбалерите на Гостивар по консултации со клупското раководство го напуштија теренот во 76 минута.

Ова е втор ваков инцидент на натпреварите од ПМФЛ, откако во претходното коло од теренот се повлекоа и фудбалерите на Воска на натпреварот против Вардар. Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Македонија ја санкционираше Воска со одземање девет бодови, по што охридскиот клуб објави дека се повлекува од натпреварувањето во ПМФЛ и нема да го одигра утрешниот дуел против Брера.

Во натпревар со шест голови, тетовска Шкендија и Шкупи (3-3) попладнево ги поделија бодовите, а без голови заврши дуелот во Кратово меѓу Силекс и Струга. Пелистер извојува домашна победа над Тиквеш со 1-0.

ПМФЛ: 29 коло

Шкендија – Шкупи 3-3

Пелистер – Тиквеш 1-0

Силекс – Струга 0-0

Гостивар – Работнички 1-2 (прекинат натпревар)

Вардар – Беса 3-1 (одиграно в сабота)

Табела: Шкендија 63, Силекс 59, Работнички 52 (-1), Гостивар 48 (-1), Струга 47, Вардар 35, Шкупи 34, Пелистер 32, Брера 27 (-1), Тиквеш 26, Беса 24, Воска 13 (-1). 

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Не прифаќаме гладот ​​да се користи како оружје против Палестинците“, истакна катарскиот премиер Ал Тани

Следно

Од 1919 до денес – фудбалот во Велес доби своја книга

Latest from Blog

Кога сезоната ќе почне, трибините ќе бидат празни кога ќе игра еден гигант во Серија А!

Кога на 22 август ќе започне јубилејната 125-та сезона од италијанското фудбалско првенство, а воедно и 95-тата, која се игра според двокружниот систем базиран на бодови, немојте да се изненадите ако ги

22,7 милиони денари промет на Берзата – најголем интерес за банкарските акци

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 07.08.2026 заврши со благ пораст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.243,19 поени. Во

Врховниот верски лидер на Иран Моџтаба Хамнеи е наоѓа во исклучително тешка здравствена состојба

Според порталот Iranwire, повикувајќи се на два извори блиски до администрацијата на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, врховниот верски лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, се наоѓа во исклучително тешка здравствена состојба и

Гаши – Хрицова: Потврдена традиционално блиската соработка меѓу Северна Македонија и Словачка

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска оствари средба со амбасадорката на Словачката Република во земјава, Н.Е. Ивета Хрицова. На средбата беше дискутирана традиционално блиската и пријателска соработка меѓу Северна Македонија и Словачка,
Go toTop