Анкета: Граѓаните бараат промени во Судскиот совет и кај јавниот обвинител – СДСМ: Со 400.000 евра тендер за анкети се платени манипулациите на Маркет Вижн

April 27, 2025
1 min read

Мнозинството од граѓаните се изјасниле за промени во клучните правосудни институции. Околу половина од испитаниците (50,3%) сметаат дека е неопходна промена на составот на Судскиот совет, додека 45,7% се изјасниле дека треба да се смени јавниот обвинител.

Ова се дел од резултатите на истражувањето на јавното мислење во Македонија на МКД.мк, кое го спроведе агенцијата Маркет вижн.

Негативен одговор на овие прашања дале околу 20% од анкетираните, што укажува на значителна поддршка за реформи во правосудниот систем.

На анкетата со реакција се јавија од СДСМ. Од таму велат дека со 400 илјади евра тендер се платени „манипулациите на Маркет Вижн“.

„Омилената агенција на ВМРО-ДПМНЕ која уште од времето на Груевские платена да ги манипулира граѓаните со лажни анкети е повторно ангажирана, овој пат за сума од 400.000 евра народни пари. Имено, Маркет вижн пред само неколку недели склучила договор со Владата на рекордна сума од 400.000 евра за да прави анкети и го мери мислењето и задоволството на граѓаните од работата на Владата. Зар некој треба да верува во овие анкети кои служат единствено за да се манипулира јавноста и се во функција на пропагандата на ДПМНЕ. За жал се враќа старата пракса на постојано пласирање на манипулативни анкети кои треба да ги демотивираат граѓаните да бараат промени, но оваа стратегија од времето на Груевски е одамна прочитана“, велат од СДСМ.

Истражувањето е спроведено од 20 март до 17 април, преку CATI метод (телефонско анкетирање со помош на компјутер), врз репрезентативен примерок од 1.200 испитаници. Статистичката грешка на истражувањето е ±3%, со интервал на доверба од 95%. Примерокот е усогласен според регионална припадност, пол, возраст и етничка структура, согласно податоците од пописот на резидентното население во 2021 година.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Од 1919 до денес – фудбалот во Велес доби своја книга

Следно

Историска фотографија од Норвешка, честиташе и Мукаетов (ВИДЕО)

Latest from Blog

„Комуналец“ – Прилеп: Отпадот за Курбан Бајрам да се одлага во специјални контејнери

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп информира дека во пресрет на празникот Курбан Бајрам, кој годинава започнува на 27 мај, се поставени два специјални контејнери за одлагање отпад од животинско потекло. Контејнерите се поставени

Американската војска повторно го нападна Иран

Според Централана команда на САД, нападите биле насочени кон ракетни лансирни позиции и пловила кои, како што тврдат од американската страна, се обидувале да постават мини во близина на Ормусткиот теснец. Од

Инспекциските служби на Општината и МВР излегле на терен во градилиштето во Центар – локацијата обезбедена, инвеститорот казнет

Инспекциските служби на Општина Центар заедно со Министерството за внатрешни работи веднаш излегле на терен во врска со инцидентот на булеварот „Теодосиј Гологанов“, во близина на Католичката црква, каде е евидентирано оштетување

Ги знае ли некој овие играчи: Ова е составот на Италија за пријателските!(ФОТО)

ФОТО:.facebook.com/NazionaleCalcio/ Привремениот селектор на италијанската фудбалска репрезентација, Силвио Балдини, објави практично нов состав за претстојните пријателски натпревари против Луксембург и Грција. Веста официјално ја објави Италијанската фудбалска федерација (FIGC). Селекцијата е преполна
Go toTop