Христијанските верници го слават Велигден

April 20, 2025
1 min read

Православните христијани го празнуваат најважниот верски празник Велигден. На полноќ, со велигденски јајца и со отпоздравувањето „Христос воскресна-Навистина воскресна“, го чествуваат воскресението на Исус Христос, на третиот ден по неговата смрт.

Молитви, црковни ѕвона, велигденски отпоздравувања-се одбележува  Христовото воскресение. Велигденската служба започнува на полноќ, која значи почеток на велигденското утро. Пред литургијата на полноќ, не се одвива ниту една друга пред неа изутрина, а тоа е така затоа што Велигден важи за празник над празниците.

Денеска во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ се одржа свечена велигденска литургија. Со свечената Велигденска литургија, чиноначалствуваше Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан. Денеска се кршат велигденските јајца, се јаде мрсна храна по четириесетдневниот пост. 

Според верниците Велигден важи за семеен празник, велат се одбележува во кругот на семејството и црквите. На овој празник кој е триумф на животот над смртта-граѓаните посакаа здравје, мир и љубов. 

Од Соборниот храм, одекна порака дека тајната на Христовото воскресение најмногу се открива во дарот на простувањето. Невозможно е вистински да се празнува празникот над празниците – ако не се простува и ако не се побара прошка и ако не се помага.

Празнувањето почнува на Велики четврток уште пред изгрејсонце, со бојадисување на првите три црвени велигденски јајца. Вапсањето црвени јајца за Велигден е старо колку и христијанството и црквата како симбол на Христовото воскресение. Првите Христијани почнале да бојадисуваат јајца и да ги подаруваат на Велигден.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

УНРВА: Над 90.000 раселени Палестинци се засолнети во 115 објекти на ОН низ Газа

Следно

Следната недела ВРЕДИ станува една политичка партија – Меџити: Не е важно кој ќе биде претседател

Latest from Blog

Полувреме: Руиз и Де Кетеларе за 1:1! Имаше ли пенал за Шпанија? Тилеманс се повреди на загревање (ВИДЕО)

ФОТО:x.com/SpainIsFootball Шпанија – Белгија 1:1 по првото полувреме на 1/4 финалниот меч во Лос Анџелес. Спектакуларен настап на “Фуријата“ која диктираше, имаше шанси и зицери а поведе со голот на Руиз во

Израелците ликвидираа командант на единицата Нухба, елитен одред на Хамас (Вознемирувачко видео)

Израелците соопштија дека командантот на елитната единица Нухба на Хамас, Јахја Саид Мохамед Хамдан, бил убиен во нападот, објави „Тајмс оф Израел“. Според ИДФ, Хамдан учествувал во нападот врз базата Реим, каде што

Без пчелите ќе останеме без храна, не само без мед

Климатските промени и фалсификуваниот мед се најголемите закани за македонското пчеларство, а зачувувањето на автохтоната македонска пчела е прашање за иднината на земјоделството и за безбедноста на храната. Во интервју за весникот

Потврдено: Португалија има нов селектор!(ФОТО)

ФОТО:.facebook.com/PORTUGAL Португалија официјално го објави назначувањето на искусниот Жорге Жесус за нов селектор на репрезентацијата. 71-годишникот го наследува Роберто Мартинез откако „морнарите“ стигнаа само до 1/8 финалето на Светското првенство во 2026
Go toTop