Следната недела ВРЕДИ станува една политичка партија – Меџити: Не е важно кој ќе биде претседател

April 20, 2025
1 min read

Лидерот на ДД, Изет Меџити во интервју за Телеграф Македонија најави почеток на процедури за создавање нов заеднички политички субјект од коалицијата ВРЕДИ. Според него, овој субјект ќе има консолидирана структура, со седиште, информативен центар, кандидати, програма и листа на заеднички советници.

„Вистина е дека не со сите актери, но ќе биде ВРЕДИ. Од следната недела започнува процедурата за создавање нов политички субјект ВРЕДИ кој ќе има заеднички штаб, информативен центар, заеднички кандидати, заедничка програма, заеднички листи на кандидати.“, вели Меџити.

Спојувањето на ВРЕДИ засега може да го направат партиите: БЕСА, ДД, Алтернатива, додека надвор останува АА на Таравари.

Лидерот на АА, Арбен Таравари на Фејсбук напиша дека еден од најсмешните повици е апелот за промена од некој кој и самиот користи методи на стар политички менталитет.

-Промената започнува од самиот себе, но за некои е потребно повеќе време, а за други помалку… за жал, има некои кои никогаш не можат да се променат! АА има еден мотив до кој се држи во своите чекори а тоа е посветеноста на луѓето. Среќен е тој што слуша бидејќи ќе му биде полесен патот до победата! А најголемата победа се Луѓето а нашата штотуку започна.“, напиша Таравари.

Иако Таравари се уште е дел од Владата, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за разделбата на АА од ВРЕДИ, рече дека сфатиле дека ВРЕДИ се само аргати на ВМРО.

Но, на ова реагираше Арбен Фетаи од АА кој му се обрати на Ахмети:

„Јас не сум ничиј слуга, чувајте го овој епитет за себе“, нагласи Фетаи.

Инаку за претопувањето на ВРЕДИ се уште не е одредено кој ќе биде претседател, но како што истакна Меџити, тоа не претставува проблем , бидејќи главната цел е унифицирањето и добрата организација пред локалните избори.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Христијанските верници го слават Велигден

Следно

Татко на израелски заробеник го обвини Нетанјаху дека ги напушта заложниците за политички опстанок

Latest from Blog

Македонија ја зголемува енергетската сигурност со нови зелени капацитети

Македонија бележи забрзан развој на обновливите извори на енергија, а растот на инсталираните капацитети веќе ја надминува динамиката предвидена со Националниот план за енергија и клима (НПЕК). Ова е наведено во најновиот

Трамп повторно изјави дека се надева оти крајот на војната против Иран е близу

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева дека крајот на војната против Иран е близу, бидејќи конфликтот, кој е во седмиот месец, ескалираше кога саудиските авиони  го бомбардираа Јемен, а  Хутите

Комуналец Прилеп со порака: Чиста Могила за уживање на сите

Парк-шумата Могила во Прилеп во моментов е чиста и уредна, информираат од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп. Од претпријатието упатија благодарност до граѓаните кои со своето однесување придонесуваат просторот да остане чист и
Go toTop