Јовановски во 24 анализа: Во Македонија повеќе ќе се почувствуваат индиректните ефекти од американските царини

April 7, 2025
1 min read

Мирче Јовановски во 24 анализа рече дека во Македонија повеќе ќе се почувствуваат индиректните ефекти од американските царини.

Според него, најважно е институциите да расчистат чии податоци за дефицит се точни, дали нашите или американските и според тоа да се насочат во решавање на овој проблем.

„Денеска премиерот во изјавата спомна дека индиректните ефекти ќе бидат поголеми посебно доколку страда германската економија. Нашиот извоз е таму. Неколку пати  ја имам слушнато таа реченица дека кризата е шанса но тоа бара посериозни економси политики, промена на структура, барање на нови пазари е сега колку тоа ќе се реализира јас не сум убеден. Останува да видиме“, рече Јовановски.

„Ние како мала држава ограничени ни се мерките и можностите со кои можеме да влијаеме. Факт е дека има разлики меѓу царинските податоци кај анс и во САД. Дали имаме дефицит или суфицит е главното прашање што треба да се реши, јас сум зачуден во големите разлики. Тука се споменуваат и автобусите кои се произведуваат кај нас па се извозуваат во Белгија и потоа се транспортираат во САД. Дали од тој извоз има разлика, не знам треба инсистуциите да го расчистат“, додаде Јовановски.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Таравари: Мицкоски е супер коректен, ме радува што има добри односи со САД

Следно

Се формираат четири центри за развој на македонското пливање и ватерполо

Latest from Blog

Николовска: СЈО ги чинеше граѓаните милионски суми, а резултатите изостанаа

Во вчерашното издание на емисијата „Анализа“ на ТВ 24, гостуваше Ружица Николовска, член на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, која во реплика на Ленче Ристоска, јавен обвинител, се осврна на начинот на кој

Божиновска: Да создадеме услови секој млад човек да го покаже својот потенцијал

Креативноста и потенцијалот на учениците со попреченост беа во фокусот на проектот „EVN4Environment“, во кој учествуваа 10 училишта и повеќе од 100 ученици. Преку креативни работилници, учениците создаваа пораки и дизајни посветени
Go toTop