Се формираат четири центри за развој на македонското пливање и ватерполо

April 8, 2025
1 min read

По повеќедецениски поделби во македонското пливање можеме со гордост да кажеме дека конечно имаме обединување во интерес на спортот.

На ова собрание на Националната пливачка федерација, двете поделени страни застанаа зад изборот на претседателот на федерацијата кој доби едногласна поддршка.

За нов претседател едногласно беше избран Сашо Лазаровски.

„Во декември минатата година, на иницијатива на министерот Борко Ристовски, организиравме заедничко првенство и се договоривме пролетва да одржиме вонредно собрание и да ги одделиме пливачката и ватерполо федерацијата. Сепак, во последен момент решивме да останеме заедно и со заложбата на министерот да ги одблокираме сметките и да почнеме нормално да функционираме.

Ги средуваме административните работи, ќе ги одблокираме сметките и ќе почнеме засилено со промени. Сакаме да дадеме акцент на Куманово, град кој веќе има затворен базен и мислам дека може да го развие и ватерполо спортот. Струга исто така е град во кој има можност да се развијат двата спорта. Пливачки клубови има и во Охрид, тие луѓе тренираат во Струга, но течат постапки да се забрза доградба на базенот во Охрид. Имаме ветувања дека до крајот на 2026 година Охрид ќе има и отворен и затворен базен. Во Скопје има пет регистрирани ватерполо клубови и така имаме четири центри кои имаат добар развој на двата спорта. Одлични се и Штип и Битола и очекуваме да се приклучат“, вели претседателот Сашо Лазаревски.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Јовановски во 24 анализа: Во Македонија повеќе ќе се почувствуваат индиректните ефекти од американските царини

Следно

Мицкоски: Ромите не се малцинство, туку народ со иста вредност и достоинство како секој друг

Latest from Blog

Икер Касиљас: Не го сакам Мурињо во Реал Мадрид!

ФОТО:facebook.com/SLBenfica/ Легендата на Реал Мадрид, Икер Касиљас, верува дека Жозе Мурињо не е најдобрата опција за нов тренер на клубот. “Специјалниот“ е пред враќање на „Бернабеу,“ а веста се очекува да биде

Повреденото дете во училиште во Ченто е во стабилна, но се уште критична здравствена состојба

Деветтооддленецот кој вчера беше прободен со нож во основното училиште „22 ноември“ во Скопје од поранешен ученик е стабилизиран, но и натаму е под постојан лекарски надзор. Од Ургетниот центар велат дека

Сепак нема да има „последен танц“ за водечкиот стрелец на уругвајската репрезентација!

Напаѓачот на Интер Мајами, Луис Суарез (39), нема да биде вклучен во уругвајската репрезентација за Светското првенство во САД, Канада и Мексико ова лето. Ова го објави познатиот уругвајски новинар Родри Васкез

Николоски: Заврши големиот проект за модернизација на болницата „8-ми Септември“

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, соопшти дека е завршена целосната реконструкција и надградба на болницата „8-ми Септември“, проект вреден 12 милиони евра реализиран во соработка меѓу Владата и
Go toTop