Анкета: Раст на популарноста на социјалдемократите на Шолц, флертувањето на Мерц со АфД и наштети на ЦДУ/ЦСУ

February 5, 2025
1 min read

Неколку недели пред предвремените парламентарни избори во Германија, владејачките социјалдемократи на канцеларот Олаф Шолц бележат раст на популарност во анкетите на јавното мислење, јавуваат германските медиуми.

Според истражувањето на институтот ЈуГов (YouGov), Социјалдемократската партија на Германија (СПД) ја поддржуваат 18 отсто од испитаниците, што е за три процентни поени повеќе од последното истражување од пред една недела.

Опозициската Христијанско-демократска унија ЦДУ/ЦСУ би ја добила наклонетоста на 29 отсто од гласачите, што е непроменета вредност во однос на претходното истражување на овој институт.

Десничарската популистичка Алтернатива за Германија (AfD) би ја избрале 22 отсто од испитаниците, што е за еден процент помалку од минатата недела.

Сè уште владејачката партија Зелени ужива поддршка од 12 отсто од гласачите, а партијата Левица има шест, исто колку и новооснованата левопопулистичка партија Сојуз Сара Вагенкнахт (БСВ).

Сличен однос на силите покажува и вчерашната анкета на институтот Форса, во која ЦДУ/ЦСУ ја губи поддршката во однос на последната анкета. Аналитичарите го поврзуваат тоа со контроверзното гласање во Бундестагот за построгите правила за имиграција, што беше иницирано од демохристијанскиот кандидат за канцелар Фридрих Мерц со поддршката на АфД.

Дел од јавноста ова го протолкува како обид за отворање на Унијата ЦДУ/ЦСУ за соработка со оваа екстремно десничарска партија, нешто што демохристијаните досега строго го одбиваа. За време на викендот низ Германија се одржаа протести против можната соработка на  ЦДУ/ЦСУ со АфД.

Во исто време, анкетите на јавното мислење покажуваат дека 52 отсто од испитаниците го одобруваат обидот на Фридрих Мерц да ги заостри законите за имиграција со помош на АфД.

Ограничувањето на миграцијата е една од најважните теми на изборната кампања за изборите што ќе се одржат на 23 февруари.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Академијата за судии и јавни обвинители додели уверенија на 97 кандидати за судии и јавни обвинители

Следно

Уставен го поништи Законот за солидарен данок донесен од СДСМ и ДУИ, на компаниите ќе им се вратат 49,2 милиони евра

Latest from Blog

Николоски: Инвестициите во Коридорите 8 и 10 ќе ја поврзат Македонија со регионот и ќе донесат силен економски развој

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски денеска на два одвоени форуми „Македонија 2025“ и Македонско-Албанскиот бизнис форум ги презентираше клучните инфраструктурни проекти, инвестициите и нивното економско влијание врз државата

Поранешна фудбалерка стана прв спортски директор на Бундеслигаш

Поранешната професионална фудбалерка Кетлин Кригер ќе стане нов спортски директор на бундеслигашкиот клуб Хамбургер , наследувајќи го Стефан Кунц. Клубот од Северна Германија го објави ова во вторник. Хамбургер не ја откри

„Златната купола“ на Трамп ќе чини 1,2 билиони долари, тој најави дека ќе биде далеку поевтина

Планот на претседателот Доналд Трамп за поставување оружје во вселената, програмата за ракетна одбрана позната како „Златната купола на Америка“, ќе чини околу 1,2 трилиони долари во текот на 20 години, според
Go toTop