Академијата за судии и јавни обвинители додели уверенија на 97 кандидати за судии и јавни обвинители

February 5, 2025
2 mins read

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ денеска ги додели уверенијата на кандидатите за судии и јавни обвинители од осмата генерација во почетната обука на Академијата. Како што информираше директорката на Академијата, Ирина Трајкоска Стрезоски, уверенија ќе добијат вкупно 97 кандидати, од кои 50 се судии, а 47 јавни обвинители. 

– Оваа генерација е најбројна досега, односно 50 судии и 47 јавни обвинители, вкупно 97 кандидати. Сите успешно го завршија завршниот испит, впрочем заради тоа сме денеска тука на свечено доделување на нивните уверенија, изјави директорката.

Прашана дали постои интерес кај младите за професијата судија или јавен обвинител, со оглед на тоа што довербата во судството е ниска, Трајкоска Стрезоска рече дека постои интерес, бидејќи има кандидати кои се пријавуваат, додека пак, во врска со генерацијата која остана „заглавена“ поради изборниот процес минатата година, Трајкоска Стрезоски вели дека одлука треба да донесе Управниот одбор.

– За таа генерација треба да донесе одлука Управниот одбор, веднаш штом ќе биде донесена одлуката ќе биде објавена на нашата веб страница. Од минатата година Академијата работи транспарентно и сите одлуки и активности се објавуваат на веб страницата. Треба да одлучи Управниот одбор дали да продолжи таа генерација, вели Трајкоска Стрезоска.

На прашање зошто досега Управниот одбор нема донесено одлука, Трајкоска Стрезоска го повтори ставот дека „постојат органи кои одлучуваат по тоа прашање, во конкретниот случај одлука треба да донесе Управниот одбор“.

– Не можам да дадам изјава, ниту коментар во врска со ова. Сепак постојат надлежни институции и органи кои што носат одлуки, а за оваа ситуција конкретно треба да донесе одлука Управниот одбор, подвлече Трајкоска Стрезоски.  кандидатите кои денеска добија уверенија за судии и јавни обвинители, претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски рече дека уште утре ќе биде одржана седница на Советот и истите ќе бидат објавени на оглас.

– Од оваа генерација има 50 судии и тие ќе бидат на огласите за кои веќе утре имаме закажено седница и ќе бидат објавени. Од вкупно 97 кандидати, 50 се за судии, 47 за јавни обвинители. Ова ќе биде првичниот оглас, нека се спроведе тој, па ќе видиме понатаму колку од судиите ќе успееме ние да пополниме, рече Камбовски.

За најавените измени на Законот за Судски совет, Камбовски вели не е во нивен домен. На новинарско прашање за тоа како ја оценува одлуката на власта за носење на законско решение со кое што во иднина Собранието ќе може да ги разрешува судиите, тој го повтори ставот таквата пракса не влијаела добро, бидејќи, како што рече, државата имала искуство со слични пракси во изминативе 30 години.

– Единствен закон кој ја регулира таа тематика е Законот за Судски совет. Ние сме дел од работната група за измената на тој Закон, денеска го имавме првиот состанок и не би можел да коментирам, бидејќи ги немам видено предлозите кои што се дадени за тоа како ќе се уредува.

Како ја оценувате одлуката за да се донесе законско решение со кое што во иднина Собранието ќе може да ги разрешува судиите.

– Повеќе пати кажав дека носењето на законско решение со кое што Собранието ќе може да разрешува судии, не е добра пракса за да се воспостави. Сме имале искуство со слични пракси во изминативе 30 години и знаеме како завршуваат тие пракси. Со секоја промена на власт ќе се променуваат тие тела, што на крајот значи дека сепак имало  мешање на другите власти во судската власт, нагласи Камбовски.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Туркије: Петелот што се онесвести додека кукурикаше, стана интернет-сензација

Следно

Анкета: Раст на популарноста на социјалдемократите на Шолц, флертувањето на Мерц со АфД и наштети на ЦДУ/ЦСУ

Latest from Blog

Николоски: Старата чаршија во Гевгелија повторно блеска

Старата чаршија во Гевгелија добива нов лик, а вечерната атмосфера дополнително го истакнува нејзиниот обновен изглед. Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, порача дека реализацијата на проектот е резултат

Хаос по смртта на најмладиот крал на светот: Како тоа не знаевме дека има син?

Претседателот Јовери Мусевени беше меѓу собраните на аеродромот Ентебе за да им оддадат почит. Кралот Ојо Њимба Кабамба Игуру Рукиди IV почина минатата недела во Соединетите Држави на 34-годишна возраст откако беше

54,16 милиони денари промет на Македонската берза во изминатата недела

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот 31.08–04.09.2026, вкупниот промет изнесуваше 54.155.109 денари: 41.448.016 денари со акции преку редовно тргување, 704.948 денари со

ПЛ: Халанд за нови три бода на Сити, Тотенхем непоразен кај „шумарите“

фото: Premier League @premierleague (X) Манчестер Сити продолжи со максимален ефект на стартот од сезоната во Премиер-лигата, откако со минимални 1:0 го совлада Ковентри на домашен терен во денешните попладневни дуели од
Go toTop