Вучевиќ и Ѓуриќ си поднесоа оставки – ноќеска нападнати студенти во нови сад

January 28, 2025
1 min read

Милош Вучевиќ поднесе оставка од функцијата премиер на Србија. Во своето обраќање рече дека причина за оставката е нападот врз студентите што се случи ноќеска во Нови Сад пред канцелариите на Српската напредна странка. Апелираше до сите да ги смират страстите и да се вратат на дијалогот.

„Мислам дека оваа политика на која и припаѓам, партијата која ја водам, победи заедно со претседателот на Републиката на сите избори од 2012 година. Таа мора да им покаже на сите, постојано, највисоко ниво на одговорност, мора да донесе и демонстрира нови закони во српската политика, мора да покаже дека е најодговорна, дека е објективно најодговорна и затоа, по овој настан во Нови Сад, моја неотповиклива одлука е да поднесам оставка на функцијата премиер.“ – Милош Вучевиќ премиер во оставка.

Тој додаде дека утрово имал разговор со претседателот Александар Вучиќ, кој ги прифатил неговите аргументи и одлуката. Оставка поднесе и градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ. Стабилноста и смирувањето на тензиите и запирање на натамошните поделби во општеството се клучни услови за натамошен напредок и развој на Нови Сад, напиша Ѓуриќ.

„Оваа одлука е израз на мојата длабока почит кон граѓаните на Нови Сад и мојата верба во демократските процеси и верувањето дека на овој начин ќе придонесам за смирување на тензиите и создавање простор за конструктивен дијалог и продолжување на проектите за натамошно подобрување на животот на сите жители на Нови Сад.“ – Милан Ѓуриќ градоначалник на Нови Сад во оставка.

Оставката на Вучевиќ и Ѓуриќ, заедно со објавувањето на комплетната документација за реконструкција на зградата на Железничката станица во Нови Сад, беше првото барање на новосадската опозиција и на студентите по уривањето на настрешницата на железничаката станица на 1 ноември, кога животот го загубија 15 лица. Инаку, студентите кои го блокираат филозофскиот факултет во Нови Сад ноќеска биле нападнати од непознати лица и неколкумина од нив се повредени. Една девојка беше сериозно повредена и пренесена во клиничкиот центар на Војводина, а потоа пуштена дома. Студентитетие тврдат дека четворица мажи со безбол палки нападнале група студенти кои ставале налепници и цртале графити.

„Девојката е со изместена вилица и има повреди по целото тело. Има уште неколку студенти со полесни физички повреди, лекарите ја утврдуваат состојбата на нападнатите студенти“.

Напади имало и врз студентите на медицинскиот факултет.

„Студент и студентка од Медицинскиот факултет излегоа на Булеварот и лепеа налепници на контејнери во близина на седиштето на Српската напредна странка. Потоа, двајца мажи излегоа од собата и ги прашале што прават. Студентите само се обидоа мирно да се разотидат. Но, тогаш, едниот од мажите го фати студентот за јакната.“ – Сања Николиќ студентка на медицинскиот факултет во Нови Сад.

Полицијата уапсила три лица осомничени за нападот врз студентите. Во меѓувреме, српските студенти ја завршија 24 часовната блокада на белградската населба Автокоманда. Студентите организирано се вратија кај нивните матични факултети.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Препораки за Македонија од Советот на Европа: Ревизија на Уставот

Следно

Митева: Поважни одлуки од 46та владина седница за подобар квалитет на живот за граѓаните и за зајакнување на економијата

Latest from Blog

Коњановски: Директниот контакт со граѓаните е клучен за подобри социјални услуги

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, информираше дека присуствувал на настанот „Мобилни социјални пунктови“, организиран од Советот за социјална заштита на Општина Битола во соработка со здруженија на граѓани од градот. Според

Неделен преглед на Македонската берза: Над 76 милиони денари промет и пад на водечките акции

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 06.07.2026 до 10.07.2026 година, вкупниот промет на сите пазарни сегменти изнесуваше 76.754.333,27 денари, од кои

По разорниот земјотрес, нова трагедија во Филипини- свлечиште однесе десетина животи (ФОТО)

Еден маж е спасен од урнатините и однесен во болница со сериозни повреди, додека најмалку 115 семејства се евакуирани, соопшти локалната Канцеларија за намалување на ризиците од катастрофи и управување со вонредни
Go toTop