Митева: Поважни одлуки од 46та владина седница за подобар квалитет на живот за граѓаните и за зајакнување на економијата

January 28, 2025
1 min read

На денешната 46та владина седница, донесовме низа важни одлуки кои имаат за цел да го подобрат квалитетот на животот на сите вас, да ја зајакнеме нашата економија и да ја подобриме транспарентноста, најави владиниот портпарол, Марија Митева.

Одлука број 1 е Економска мерка:

Се усвоија двата договори за кредитната линија од 250 милиони евра наменета за бизнисот со што средствата ќе станат оперативни. Ова ќе претставува позитивен импулс за компаниите, со исклучително поволни услови, рок на отплата до 15 години, 3 години грејс период и каматна стапка од 1,95%. Се надеваме на пројавување на голем интерес.

Одлука 2 се однесува на Зајакнување на системот најавните набавки како дел од Реформската агенда каде се предвидени повеќе реформи во делот на управувањето со јавните финансии. Европската комисија повеќе години во извештаите за напредокот го критикува пречестото користење електронски аукции и истото го посочува како битен недостаток во системот на јавните набавки.

За таа цел Владата ја разгледа Информацијата за обврската за намалување на процентот на електронски аукции во јавните набавки во 2025 година да се намали до најмногу 40% од бројот на објавените постапки и ги задолжи и им препорача на сите органи на државната управа да преземат мерки за намалување на бројот на електронски аукции во јавните набавки.

Конечно, како дел од нашата постојана заложба за навремено постапување се однесува и денешната одлука со која Владата го утврди и го доставува до Собранието полугодишниот законодавен преглед со предлози на закони и други акти по кои одлучува Собранието и истиот согласно динамиката вклучува 60 законски решенија произлезени од Програмата за работа на Владата.

Почитувани граѓани, транспарентноста и отчетноста се сржта на работата на нашата влада, нашата примарна цел е да ве доближиме Вас до одлуките што ги носиме. На овој начин, точно знаете што прави вашата влада за да го подобри вашиот секојдневен живот.

Ве охрабрувам да останете информирани за нашата работа и да ги споделите со нас вашите размислувања, бидејќи вашиот глас игра клучна улога во обликувањето на нашите политики!“

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вучевиќ и Ѓуриќ си поднесоа оставки – ноќеска нападнати студенти во нови сад

Следно

Герасимовски: Од утре стартуваме со голема акција за чистење на Центар

Latest from Blog

Легендарниот Џејмс Милнер се врати во Ливерпул

ФОТО:.facebook.com/LiverpoolFC Легендата на Премиерлигата, Џејмс Милнер, се врати во Ливерпул. На крајот од минатата сезона, Џејмс Милнер ја заврши својата 24-годишна кариера како рекордер со најмногу одиграни натпревари во Премиерлигата. Милнер не

Најмалку 21 жртва во страшна сообраќајна несреќа во Јужна Африка

Несреќата се случи во недела навечер во покраината Западен Кејп помеѓу малите градови Принц Алберт и Лиу-Гамка, околу 380 километри источно од Кејптаун, соопшти Корпорацијата за управување со патниот сообраќај, пренесува АП.
Go toTop