Во Србија денеска 24 часовен штрајк на учениците и студентите

January 27, 2025
1 min read

Продолжуваат протестите во Србија. Од утрово блокада на една од најважните сообраници во Белград. Во следните 24 часа затворен ќе биде патот кај населбата Автокоманда а единствено ќе се пропуштаат амбулантните возила.

Блокадата почна во 10 часот а студентите ги повикаа граѓаните да им се придружат и уште еднаш да испратат порака до власта. Протестот следи по општиот штрајк кој се одржа во петокот, а на кој покрај студентите се приклучја и синдикатите, професори, лекари, адвокати, земјоделци.

„Со години излегуваме на протести но досега ништо не се промени. Се надевам дека младите ќе успеат во своите намери а ние сме тука да им го чуваме грбот.“ – Зоран Шаорац.

„Мириса на промена и се надевам дека тоа ќе се случи бидејќќи тоа навистина и треба на оваа држава. Нема демократија и во оваа држава не се живее туку се преживува.“ – Анџела Машовиќ.

„Донесовме кебиња и храна  и планираме тука да поминеме 24 часа.“ – студентка на факултетот за медиуми.

Во меѓувреме, протестите прераснаа во општо незадоволство од работата на владата и барање за поголема оговорност од властите. Зад барањата на студентите застана и академската заедница како и голем број на спортисти и уметници.

„Ова е ваше време и имате право да го објасните за некоја подобра иднина што ви припаѓа и немам што друго да ви кажам, освен да ве поддржувам со целото мое срце. Не само јас, туку и сите нормални луѓе.“ – Раде Шербеџија.

За попладнево пак обраќање до јавноста најави Александар Вучиќ. Реакцијата на српскиот претседател следи по упадот на студентиет кои се обиделе да ја прекинат Академијата Свети Сава на Матица Српска.

„Некои луѓе мислат дека имаат право да ни ги уништуваат историјата, традицијата, културата. Наше е да одговориме на тоа со мир, трпение и сериозен пристап, на поинаков начин да се воспитуваме и менуваме и себеси и нашите деца, и во иднина тоа никогаш да не ни се повтори. Ќе се спротивставиме со сите дозволени и демократски политички средства. За нас е важно на мирен и трпелив начин да покажуваме однос кон политичките противници, да ја зачуваме стабилноста и да покажеме почит кон оние кои поинаку мислат.“ – Александар Вучиќ претседател на Србија.

Денешните блокиди во Белград се продолжение на повеќемесечните студентски протести, кои почнаа по трагедијата во Нови Сад, кога загинаа 15 луѓе во уривањето на настрешницата на железничката станица.

 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вековниот чинар „баба Чепни“ собира спомени со внуците на внуците

Следно

На парламентарните избори се основале онлајн портали за да искористат државни пари, иако немале никаква врска со медиумите

Latest from Blog

Легендарниот Џејмс Милнер се врати во Ливерпул

ФОТО:.facebook.com/LiverpoolFC Легендата на Премиерлигата, Џејмс Милнер, се врати во Ливерпул. На крајот од минатата сезона, Џејмс Милнер ја заврши својата 24-годишна кариера како рекордер со најмногу одиграни натпревари во Премиерлигата. Милнер не

Најмалку 21 жртва во страшна сообраќајна несреќа во Јужна Африка

Несреќата се случи во недела навечер во покраината Западен Кејп помеѓу малите градови Принц Алберт и Лиу-Гамка, околу 380 километри источно од Кејптаун, соопшти Корпорацијата за управување со патниот сообраќај, пренесува АП.
Go toTop