Вековниот чинар „баба Чепни“ собира спомени со внуците на внуците

January 27, 2025
2 mins read

ТРАБЗОН (АА)

– Мелтем ЈИЛМАЗ КАРАКУРУМ

Стогодишната Асије Ерајдин, позната како „баба Чепни“ во областа Дузќој во Трабзон, им пркоси на годините со својот енергичен изглед.

Ерајдин е родена на 10 октомври 1925 година во населбата Агасар во областа Шалпазари, а откако се омажила се преселила во населбата Чајирбаги во областа Дузќој. По смртта на сопругот пред 35 години, Ерајдин е позната како „баба Чепни“ во областа.

Живеејќи во својата еднокатна куќа со снаата, внукот, неговата сопруга и деца, Ерајдин зад себе остави еден век. Вековниот чинар, кој ја доживува среќата на заеднички живот на пет генерации држејќи ги внуците во раце, времето го минува дома, сеќавајќи се на својата младост.

И покрај староста, Ерајдин, која има проблем со слухот, може да се грижи сама за некои свои потреби.

– „Ужива да разговара со луѓето што доаѓаат“

Донду Ерајдин, сопруга на внукот на „баба Чепни“, која внимателно се грижи за нејзините потреби и дели иста куќа, за АА изјави дека живее во куќата во која дошла како невеста пред 18 години.

Донду вели дека баба Чепни, која во тоа време се занимавала со лозјето, градината и земјоделие, со староста морала да се бори и со некои болести.

Зборувајќи за тоа дека „баба Чепни“ навршила 100 години, има седум деца и 47 внуци, Донду истакна:

„Сега поголем дел од деновите ги минува дома. Раскажува за старите денови. Кога времето е убаво, седи надвор пред вратата и разговара со оние што доаѓаат.“

Снаата Донду нагласи дека на баба Асије ѝ недостасуваат старите денови и додаде: „Ѝ недостасуваат старите денови. Господ нека ги благослови оние што доаѓаат, таа ужива да разговара со нив.“

Раскажувајќи за тоа дека се грижи за секоја потреба на ‘баба Чепни’, снаата Донду истакна: „Како што старее, станува како дете. Се навредува од сѐ, но сепак ние се грижиме за неа како дете. Таа е највредното нешто во нашата куќа, нашето богатство. Само нејзиното седење покрај нас е нешто посебно.“

– „Нашата најстара мајка во оваа област, денес дојдеме да ги добиеме нејзините молитви за благослов“

Градоначалникот на Дузќој, Селим Челенк, исто така, рече дека ги посетува постарите граѓани во областа и ги прима нивните молитви.

Челенк рече дека дошол да ја посети „баба Чепни“ и додаде:

„Баба Асије е родена во миграциските години. Во нејзината лична карта пишува 1925 година, но всушност таа има 111 години. Таа е наша најстара мајка во оваа област. Денес дојдеме за да ги добиеме нејзините молитва за благослов.“

Зборувајќи дека да се биде градоначалник не значи само да се прават патишта и да се даваат услуги, градоначалникот Челенк рече:

„Социјалната служба, социјалната општина, служат за да се освојат срцата и молитвите на луѓето. Тоа е нашиот пат и го правиме тоа до денес. Мајка Чепни ни дава совети, има работи што ги доживеала во минатото. Таа преживеала многу нешта. Ние ќе ги примиме молитвите на овие луѓе и ќе имаме корист од нивните искуства.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЕУ ги продолжи санкциите за Русија

Следно

Во Србија денеска 24 часовен штрајк на учениците и студентите

Latest from Blog

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30
Go toTop