ВМРО не е сигурна дали ќе влезе во техничката Влада – СДСМ: Овие деструктивни политики сме ги виделе и порано

1 min read

реклама


ВМРО-ДПМНЕ се уште не донеле конечна одлука за влез во техничката влада 100 дена пред изборите кои ќе се одржат на 8 мај. Со техничката влада ќе претседава Талат Џафери, но од ВМРО-ДПМНЕ не се задоволни со неговата номинација, затоа за ова прашање ќе разговараат во партијата.

За СДСМ евентуалниот бојкот на техничката влада од ВМРО-ДПМНЕ не е ништо ново. Како што изјави пратеничката Даниела Марковска, деструктивните политики и блокирањето на Собранието се нешто што ги виделе и порано.

реклама

Инаку, според законот за Влада, најпрвин актуелниот премиер поднесува оставка и Собранието тоа треба да го констатира, а тоа значи оставка и на целата влада. Претседателот на државата му го дава мандатот на кандидатот за технички премиер за состав на кабинетот, а истиот го усвојува Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број на пратеници. Министерството за внатрешни работи и МТСП ќе и припаднат на ВМРО-ДПМНЕ. Мандатот на техничката влада важи додека да се констатира новиот состав по изборите на 8 мај.

реклама

Претходно

Собир во Измир: Се формира Балканска медиумска унија за спречување на дезинформациите

Следно

Николов: Меџити да одговори колку „Онкологии” има во комплексот клиники Мајка Тереза

Latest from Blog