Скопје и натаму меѓу најзагадените светски градови, власта и опозицијата со обвинувања кој што направил за да го „исчисти“

January 5, 2023
1 min read

Утринава Скопје, според високиот индекс на загаденост, е во десетката светски градови, но е единствен од Европа и Балкан. По него, но на 17. и 20. место, се Сараево и Приштина. Високата загаденост на главниот град е причина и за нови партиско-политички обвинувања

Утринава, според списокот на светски најзагадени градови, Скопје го држи десеттото место со индекс на загадување 165. Во моментов, според платформата „Ај-кју ер“, во Скопје се измерени 83 микрограми на кубен метар ПМ 2,5 честички, а ПМ 10 честичките се со концентрација од 107,5 микрограми на кубен метар. Концентрацијата на  ПМ 2,5 во Скопје во моментов е 16,6 пати поголема од годишната вредност на упатството за квалитетот на воздухот на Светската здравствена организација.

Најголема загаденост измериле станиците во Лисиче, Центар, Карпош, Ректорат и Гази Баба.

Според мерењата на „Ај-кју ер“, утрово Скопје не е најзагаден град во Македонија. Најголемо загадување има во Тетово каде што индексот е 178.

Утринава Скопје, според високиот индекс на загаденост, е во десетката светски градови, но е единствен од Европа и Балкан. По него, но на 17. и 20. место, се Сараево и Приштина.

Високата загаденост на главниот град е причина и за нови партиско-политички обвинувања.

Владејачкиот СДСМ преку соопштение ја обвинува локалната власт за несправување со загадувањето.

„Состојбата со загадениот воздух во Град Скопје е алармантна, а локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ, Левица и Арсовска не прави ништо за да се заштити здравјето на граѓаните.  Додека се занимаваат со тендери, бизнис-влијанија и провизии, заборавија што им ветија на граѓаните пред една година и значително ги намалија средствата за животна средина во градскиот буџет. Ги скастрија и субвенциите на набавка на инвертори за физички лица. Јавниот превоз не функционира, нема ни трага од помпезно најавените 100 електрични автобуси. Нема ниту еден од петте најавувани мега паркови. Постојано никнуваат диви депонии, а старите не се чистат. Поради неспособноста на локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ, Левица и Арсовска, Скопје деновиве е меѓу најзагадените градови на светот, а Скопјани дишат воздух штетен по здравјето“,

се наведува во соопштението од СДСМ.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вчера, исто така преку соопштение, ја обвини власта дека дојде на власт со ветувањата за чист воздух, а седум години потоа ништо не е променето.

„Четири години додека ја имаа локалната власт не презема ништо од заклучоците кои нивните пратеници ги усвоија, а седум години како се на централна власт еден проект или поголема мерка од национален карактер за борба против загадувањето немаат спроведено“,

обвинија од ВМРО-ДПМНЕ.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Загадувањето се враќа посилно од кога било

Следно

Оваа урбана заедница од Карпош ќе добие фасади на зградите и нови паркиралишта

Latest from Blog

МВР објави конкурс за вработување на 101 лице – може да се аплицира со диплома од средно образование

Министерството за внатрешни работи објави конкурс за вработување на 101 лица. Ќе вработува 48 лица, приправници со или без работно искуство со високо образование и  53 вработени со средно образование. Право на

Филипче: Неприфаќањето на лидерска средба е сигнал за политичка калкулација од тензиите

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, предупреди дека одбивањето на иницијативата за лидерска средба ќе испрати опасна порака – дека некои политички фактори можеби имаат интерес од продолжување на тензиите. Тој повика на

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче потврди дека е продолжена рака на Заев, тој не се откажа од предавствата, аферите и криминалот

„Новиот“ тим на потрчкото на Заев, Венко Филипче се луѓе кои биле членови на поранешни НВО и Сорос активисти, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на ставовите на Филипче. Или Филипче само потврди дека е
Go toTop