Против Трамп може да се поднесуваат граѓански тужби поради немирите во Капитол

1 min read

Иако претседателот ужива широка правна слобода да комуницира со граѓаните за прашања од јавен интерес, американското Министерство за правда потенцира дека ниту еден дел од официјалните одговорности на претседателот не вклучува поттикнување на насилство

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп може да биде тужен од полицајци и демократски пратеници кои беа повредени во бунтот во американскиот Капитол на 6 јануари 2021 година, објави американското Министерство за правда, пренесе Гласот на Америка.

Иако претседателот ужива широка правна слобода да комуницира со граѓаните за прашања од јавен интерес, Министерството потенцира дека ниту еден дел од официјалните одговорности на претседателот не вклучува поттикнување на насилство.

Ова е уште една правна неволја со која се соочува Трамп додека се подготвува за уште една претседателска кандидатура во 2024 година

Документот од американското Министерство за правда бил доставен до апелацискиот суд при што на судот, кој разгледувал неколку граѓански тужби против Трамп поради немирите во Капитол, му било посочено да го отфрли барањето на Трамп за апсолутен имунитет. Се наведува дека тој не може да се крие позади претседателскиот имунитет ако со својот говор поттикнува насилство.

Гласот на Америка пишува дека документот нема никакво влијание врз посебната кривична истрага за тоа дали Трамп може кривично да биде обвинет за напорите да се поништи победата на претседателот Џо Бајден на претседателските избори во 2020 година.

Адвокатите на Трамп тврдат дека тој дејствувал во рамките на неговите службени права и немал намера да предизвика бунт кога ги повикал илјадниците приврзаници пред американскиот Капитол.

Ова е уште една правна неволја со која се соочува Трамп додека се подготвува за уште една претседателска кандидатура во 2024 година.

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

Изречени 248 казни за возачите: Во Скопје се вози брзо, без дозвола и со неисправни возила

Следно

Најмалку двајца загинати и над 80 заложници во немирите во Колумбија

Latest from Blog