ДИК: Нема да има прегласување на трите гласачки места во Куманово

1 min read

Државната изборна комисија ги објави првичните официјални резултати од првиот круг на претседателските избори.

Во вториот круг на 8 мај се Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, со освоени 363.086 гласови и актуелниот претседател Стево Пендаровски со 180.500 гласови. Вкупно обработени се гласовите од 3505 од 3508 гласачки места.

На 3 места во Куманово гласањето беше прекинато поради технички проблеми, затоа што станува збор за мал број на гласови кои немаат влијание врз крајниот исход ДИК го поништи и соопшти дека нема да се прегласува.

Од ДИК соопштија дека во моментов течат роковите од 48 часа за приговори до нив од учесниците во изборите.

Извор: 24vesti.mk

Претходно

Од Стопанската комора очекуваат партиите да ги исполнат ветувањата кон стопанството

Следно

ОК Струмица ја одбрани титулата во домашниот шампионат

Latest from Blog