Премиера на „Поткровје“ во МНТ

1 min read

На малата сцена во Македонскиот народен театар вечер од 20 часот премиерно ќе биде изведена претставата „Поткровје“ според делото „Цената“ на Артур Милер, во режија на Александар Ивановски.

„Поткровје“ е претстава која ја истражува цената на одлуките, одговорноста која ја имаме кон себе и кон семејството и вината со која живееме поради изборите што сме ги направиле. Според режисерот Ивановски, се е прашање на гледна точка, и ако не можете да ја разберете гледната точка, тогаш невозможно е да ја разберете цената, соопшти МНТ.

Во претставата учествуваат актерите: Томислав Давидовски, Елена Кузманов, Горан Ников и Хари Михајловски. Сценограф е Ненад Тонкин, автор на дизајнот на плакатот е Тео К. Атанасовски, автор на преводот – Марио Стојаноски.

По вечерашната премиера, следната изведба на новата претстава МНТ ја најавува за јануари 2024.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

Претходно

Царинска управа: Спречен шверц на 516 делови за камиони и едно АТВ возило

Следно

Спасовски и власта имаат одговорност за трагедијата

Latest from Blog