Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

1 min read

Денеска, со почеток од 18 часот, клубот кој е гордоста на Аеродром и македонската кошарка – МЗТ Скопје, го игра најважниот натпревар во оваа сезона, од кој зависи иднината и опстанокот во елитното јадранско натпреварување. Натпревар во кој МЗТ Скопје не се бори само за опстанок во најпрестижната АБА 1 лига, туку и за промоција на македонската кошарка пред најмоќните и најголемите клубови на Балканот.

Влезот за натпреварот е бесплатен, а можноста за победа е голема. На кошаркарите на МЗТ Скопје им треба нашата поддршката повеќе од кога било.

Општина Аеродром ги поканува сите љубители на спортот, фанови и поддржувачи на МЗТ, како и сите оние кои ја сакаат кошарката, да присуствуваат на денешниот натпревар и си тоа да дадат поддршка за останување на МЗТ во АБА лигата.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

Претходно

Египетскиот министер Шукри: Подобрувањето на односите со Туркије е важно и за регионот

Следно

Северна Кореја тврди дека ја тестирала најмоќната ракета досега

Latest from Blog