Египетскиот министер Шукри: Подобрувањето на односите со Туркије е важно и за регионот

1 min read

АНКАРА (АА) – Египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри вчера пристигна во службена посета на Туркије на покана на министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, известува Анадолу.

Шукри изјави дека неговите разговори со Чавушоглу биле насочени кон јакнење на билатералните односи и проширување на соработката во политичката, економската и културната сфера.

„Имаме заедничка визија и силна политичка волја зад себе за да ги активираме односите во двете земји, односите на Туркије и Египет и да ги унапредиме на сите полиња“, изјави Шукри.

Тој рече дека и двете страни се договориле околу „специфична временска рамка“ за подигнување на дипломатските односи на повисоко ниво, додавајќи дека таа ќе биде објавена „во соодветен момент во рамките на подготовките за Самитот на ниво на претседатели, кој ќе ја означи кулминацијата на патот што го започнале“.

„Понатамошното подобрување на односите со Туркије е важно и за регионот“, истакна Шукри.

Тој се осврна и на ситуацијата во Либија, наведувајќи оти се согласува дека либиските институции треба да ги преземат своите одговорности и таму да се одржат пристојни и транспарентни избори, да се избере влада што ќе ја одразува волјата на либискиот народ и „да се зачува териоријалниот интегритет на Либија“.

Што се однесува за палестинското прашање, Шукри ја пофали Туркије за нејзината активна улога во „праведната војна“ на Палестинците против „израелската агресија“.

Тој ја повтори поддршката на Египет во решавањето на палестинско-израелското прашање.

Чавушоглу на 18 март беше во официјална посета на Египет, на покана на министерот Шукри.

Чавушоглу беше првиот министер за надворешни работи на Туркије кој по 11 години го посети Египет.

За време на посетата, Чавушоглу рече дека Туркије и Египет ќе ги издигнат своите дипломатски односи на највисоко ниво „што е можно поскоро“.

Дипломатските односи меѓу Анкара и Каиро беа на ниво на вршители на должноста по воениот удар во Египет во 2013 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

Поради временските услови одложено лансирањето на првиот набљудувачки сателит од турско производство

Следно

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Latest from Blog