Северна Кореја тврди дека ја тестирала најмоќната ракета досега

April 14, 2023
1 min read

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун наводно изјавил дека ова тестирање ќе ги натера ривалите „да страдаат од екстремен страв и вознемиреност“

Фото: EPA-EFE/KCNA EDITORIAL USE ONLY

Северна Кореја соопшти дека тестирала нова интерконтинентална балистичка ракета која работи со цврсто гориво и оти тоа е нејзината најмоќна ракета досега, а лансирањето беше поздравено од државните медиуми.

Станува збор за тестирањето кое се случи вчера, а предизвика тревога во Јапонија каде беше издадена и наредба на евакуација, но беше повлечена по половина час.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун го надгледуваше лансирањето во друштво на неговите ќерка, сопруга и сестра и наводно, како што пренесуваат медиуми, изјавил дека ова тестирање ќе ги натера ривалите „да страдаат од екстремен страв и вознемиреност“.

Ракетите со цврсто гориво се разликуваат од тие со течно, по тоа што може да бидат истрелани многу побрзо и тоа го отежнува нивното пресретнување.

Јапонија, Јужна Кореја и САД, пак, остро го осудија лансирањето. Министерството за одбрана на Јужна Кореја денеска излезе со оценка дека технологијата која била користена за ракетата не е нова и тестирањето го опиша само како „среден чекор“ во развојот на целосен ракетен систем со цврсто гориво.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Следно

Ќе почекаме за Барселона: Кои се новите дестинации до кои ќе се лета директно од Скопје?

Latest from Blog

Нападот врз новинарите во Визбегово – Обвинителството поднесе обвинение против две лица

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против две лица поради попречување на работата на новинарите за време на известувањето за пожарот на депонијата во Визбегово. На 9 јули, на улицата „Индира Ганди“,

Сојузот на здруженија на лозари бара плаќање на грозјето според шеќерни единици, инспекции кај откупувачи, субвенции за модернизирање за намалување на трошоците за производство

„По објавувањето на цените за килограм грозје, иако овие цени се највисоки досега, револтот кај лозарите е очигледен, бидејќи овие цени не соодветствуваат со трошоците за производство на килограм грозје. Цените на

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро
Go toTop