Агенција за супервизија на осигурување: Неоправдано е поскапувањето на полисите за автомобилско осигурување

1 min read

Зголемувањето на цената на полисите за задолжително автомобилско осигурување е неоправдан чекор на осигурителните компании, смета Агенцијата за супервизија на осигурување, по добиените известувања од осигурителните компании дека ќе ја зголемат цената на полисите за осигурување.

„По извршените пресметки утврдено е дека зголемувањето на цената, со дадените образложенија, не е оправдано“, се наведува во соопштението од АСО.

Поради тоа, како што се нагласува во соопштението, Агенцијата за супервизија на осигурување доставила предлог до Министерството за финансии, во рамки на неговите законски надлежности, да иницира изготвување и донесување нова тарифа на премии за задолжително осигурување од автомобилска одговорност. И со тоа да го ограничи износот на режискиот додаток што ќе овозможи намалување на цената на полисите за задолжително осигурување од автомобилска одговорност.

Осигурителните компании ја добиле информацијата за покачување на цените во понеделникот. Тие биле известени од Националното Биро за осигурување.

Осигурителните компании го правдаат поскапувањето со растот на цените на автоделовите.

Извор: alsat.mk

Претходно

ФОТО: Пирс Броснан непрепознатлив, што се случува со актерот?

Следно

Хаос пред градското собрание во Тирана, фрлани молотови коктели врз објектот

Latest from Blog