Одлуката производителите и трговците да обезбедат леб по замрзната цена е во сила од вчера

March 3, 2023
2 mins read

Одлуката, која Владата ја донела на синоќешната седница, е објавена во „Службен весник“ и таа е веќе во сила

Владата може да определи обврска на трговците да прибавуваат и да продаваат определени видови и количества одделни стоки на потрошувачите, според определен редослед, се наведува во одлуката

Производителите и трговците имаат обврска да произведуваат и продаваат леб по замрзната цена откако Владата на синоќешната седница донела таква одлука, а таа е веќе во сила од моментот на објавување во „Службен весник“, односно од вчера. Одлуката ќе се применува до 31 мај годинава.

Од Министерството за економија за „360 степени“ наведуваат дека контроли дали одлуката се почитува или не ќе прави Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), а за непочитување на одлуките се предвидени казни согласно Законот за трговија.

Со одлуката на Владата се определува обврска за трговците што претставуваат правни и физички лица, кои се регистрирани за вршење трговска дејност во соодветен регистар согласно закон, како и трговците што претставуваат правни и физички лица регистрирани за вршење производство, кои своите производи ги продаваат на пазарот во сопствени продавници или на други трговци на големо и мало со прехранбени производи, да прибавуваат и/или да продаваат леб бел и полубел (сечен на парчиња или цел).

Во вториот член на одлуката се определува дека треба да се произведува најмалку 80 отсто од лебот што треба да се продава по замрзната цена.

„Трговците што претставуваат правни и физички лица регистрирани за вршење производство, кои своите производи ги продаваат на пазарот во сопствени продавници или на други трговци на големо и мало со прехранбени производи, имаат обврска да го произведуваат и да го ставаат во промет лебот во количина од најмалку 80 отсто од производството на овој леб во декември 2022 година“, 

се наведува во текстот на одлуката.

Во образложението на одлуката е наведено дека Владата може привремено да го ограничи вршењето на трговијата.

„Во образложението на одлуката што ја предложи Министерството за економија е наведено дека според членот 29 став 1 алинеја 2 и 3 од Законот за трговија, Владата може привремено да го ограничи вршењето на трговијата, во случај на сериозни нарушувања на домашниот пазар поради недостиг на стоки неопходно потребни за производството, преработката и за животот и здравјето на граѓаните и нарушување на домашниот пазар заради злоупотреба во прометот на одделни производи и стоки. Имајќи го предвид наведеното, според членот 30 став 1 алинеја 6 од Законот за трговија, Владата може да определи обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите, според определен редослед“,

се наведува во соопштението испратено од владината прес служба.

Трговците посочени во оваа одлука, за испорачаните видови леб посочени исто така во одлуката, на производителот на лебот треба да му платат најдоцна во рок од 20 дена од денот на приемот на фактурата за испорачаниот леб.

Владата оваа одлука ја темели врз основа на податоците од извршени инспекциски надзори од страна на Државниот пазарен инспекторат. Врз основа на тоа, од Министерството за економија велат дека се утврдени сериозни нарушувања на домашниот пазар во градовите Скопје и Тетово, поради недостиг на бел и полубел леб, кој е сечен на парчиња или цел, за кои Владата на Република Северна Македонија донесе одлука за определување на највисоките цени за одделни производи во трговијата на мало, која стапи во сила на 28 февруари 2023 година.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Зошто на Путин никогаш нема да му биде судено во Хаг

Следно

Во Илинден започна реконструкција на пешачка патека во должина од 600 метри

Latest from Blog

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе

Клековски им порача на крушевчани дека со смената на локалната власт во градот ќе направат уште повеќе

Членот на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ Клековски денеска во посета на крушевските села и на самото Крушево со ветување дека кога ќе ја преземат локалната власт, ќе направат уште повеќе за

ВИДЕО: Хорор повреда, Донарума му ја скрши ногата на Мусиала, цел стадион во шок

Четвртфиналниот дуел на Светското клупско првенство помеѓу Пари Сен Жермен и Баерн беше обележан со ужасна сцена на крајот од првото полувреме, кога Џамал ​​Мусиала заработи сериозна повреда на ногата. Младиот германски

Внатрешната контрола на МВР расчисти случај во Прилеп со пајак возило

По денешната објава на социјалните мрежи за наводно непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во Прилеп во врска со констатиран сообраќаен прекршок, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди
Go toTop