Зошто на Путин никогаш нема да му биде судено во Хаг

2 mins read

„А сега очигледната реалност: Путин нема во скоро време да се најде во клупа на Меѓународниот кривичен суд. Ограничената меѓународна кривична правда која моментално постои едноставно не важи за држави со нуклеарни капацитети. Сепак се уште има можност некои Руси да бидат гонети за злосторствата.

Имунитетот на Путин е резултат на фрагилноста на меѓународниот судски систем. Додека правдата во рамки на една држава има јасни правила и поставени судови, меѓународното право го одлучуваат правни експерти преку спогодбите што се потпишуваат и правилата што се поставуваат. Држави имаат право да влезат или излезат од нив по сопствена желба: секако не постои глобална полиција која може да го присили нивното спроведување,“ пишува Економист.

Самиот процес на судење на Путин во Хаг од прв чекор е неизводлив затоа што Русија никогаш се нема приклучено кон МКС. Исто како што тој не важи и за американските лидери.

Повторување на судењата во Нирнберг и Токио по Втората светска војна се малку веројатни, бидејќи клучно за нив беше што самите поразени држави (иако и двете во тоа време се под контрола на САД и сојузниците) ги поканија странските обвинителства да дојдат и да го спроведат судскиот процес.

Дополнително сценарио кое се размислува е да се основа ад-хок суд од страна на Обединетите нации, како што тоа во 1990-те беше направено за Југославија, по што, на крај Слободан Милошевиќ беше прогласен за виновен и почина во затворот во Холандија.

Проблемот со ова решение е што и двата ад-хок суда на О.Н (Југославија и Руанда) беа воведени од страна на Советот за безбедност на Обединетите нации. Ни Југославија, ни Руанда не се постојани членки на Советот за безбедност, Русија е.

„Некои правни експерти сметаат дека основање на суд би можело да побара Генералното собрание на О.Н. Меѓутоа такво решение би го развлекло меѓународното право вон неговите сегашни граници. А и добивањето на потребното мнозинство во Генералното собрание не е гарантирано: голем број држави, вклучително и Америка, не се подготвени да им дадат дополнителна сила на меѓународните судови.

Остануваат две опции, но ниту една од нив не целосна. Една е Русите да се прогонуваат преку украинскиот правен систем, можеби во суд поддржан од други држави и со меѓународни судии. Ова нема да ја има симболичната вредност на судење во Хаг: само Руси на ниски позиции ќе бидат судени и тоа ќе изгледа како одмаздничка правда.

Втората ќе биде да му се дозволи на МКС да ги суди Русите за војна и злосторства против човештвото – ама не и за агресија, што е вон неговите сегашни овластувања кога е во прашање Русија. За ова, доволно е Украина да ја признае власта на хашкиот суд. Меѓутоа малкумина веруваат дека ќе може да се изгради случај против Путин. Во секој случај, судот генерално не ги суди обвинетите во отсуство,“ смета Економист.

Украина најмногу е наклонета кон планот за создавање на ад-хок трибунал во Хаг, кој ќе биде одделен од МКС и ќе има мандат да гони за агресија со што директно го таргетира Кремљ. За професорот по меѓународно право од Бриселскиот слободен универзитет, Оливие Кортен, ова е премногу нереалистично, и би се сметало за дискредитација на МКС и неговиот обид во иднина да гони слични случаи на прекугранична агресија.

Една од изводливите казни според Економист е МКС да започне постапка за воени злосторства главно против руски генерали и високи команданти, кои до крајот на животот нема да смеат да ја напуштат Русија или барем да припарат на Запад а да не бидат уапсени, и иако ова значи откажување од „големата награда“ сепак „ќе биде еден вид казна.“

ИЗВОР: off.net.mk

Претходно

Најскапиот играч на Реал во кариерата не одиграл ниту еден натпревар против Барселона

Следно

Одлуката производителите и трговците да обезбедат леб по замрзната цена е во сила од вчера

Latest from Blog