Алијанса ги предлага Фатмир Меџити за нов министер за здравство, Кренар Лога за правда

February 10, 2023
1 min read

Новиот коалициски партнер во Владата, објави ТВ Телма, веројатно ќе го добие и Министерството за информатичко општество и администрација за каде за министер се предлага Азир Алиу

Најавената средба за денеска попладне помеѓу претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, и премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, заврши.

Таа доаѓа откако вчера Алијанса одлучи да влезе во Владата, па за денеска Таравари најави и потпишување на синхронизираните програми. Неговата партија, како што потврди, ќе добие три министерски места и двајца заменик-министри.

Според информациите на ТВ Телма, неврологот Фатмир Меџити е кадровското решение на Алијанса за нов министер за здравство на местото на Беким Сали (Алтернатива), а Кренар Лога за министер за правда на местото на Никола Тупанчески (СДСМ).

Вјолца Бериша, пак, ќе биде заменик-министерка за земјоделство, а Тирон Јахјага заменик во Одбрана.

Таравари вчера рече дека третото министерско место ќе биде или за информатичко општество и администрација или, пак, вицепремиер за економски прашања.

Засега нема официјална потврда кое од овие две места ќе го добие Алијанса, но според извори на Телма, тоа ќе биде Министерството за информатичко општество и администрација, каде се предлага министер да биде Азир Алиу.

Во моментов со ова министерство раководи Адмирим Алити од Алтернатива од каде доаѓа и актуелниот министер за здравство Беким Сали.

Оваа партија досега не одлучи дали ќе остане во Владата или ќе премине во опозиција. Она што попладнево го најавија е дека в недела Централното собрание ќе го донесе конечниот став.

Покрај новите имиња во владата кои ќе дојдат од новиот коалициски партнер, промени ќе има и во министерските редови пополнети од СДСМ.

„360 степени“ веќе објави дека социјалдемократите ќе го преземат Министерството за животна средина и просторно планирање од ДУИ, па така на местото на Насер Нуредини ќе дојде Каја Шулева, која е актуелна државна секретарка во овој ресор.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Заврши средбата Ковачевски-Таравари, потврден договор за коалиција

Следно

Ердоган призна дека одговорот на властите по земјотресот не бил толку брз

Latest from Blog

Внатрешната контрола на МВР расчисти случај во Прилеп со пајак возило

По денешната објава на социјалните мрежи за наводно непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во Прилеп во врска со констатиран сообраќаен прекршок, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди

„Марш за ангелите“ во Кочани: Родителите на 62-те жртви од ноќниот клуб „Пулс“ повторно чекорат против тишината на институциите

Речиси четири месеци по најсмртоносниот пожар во историјата на земјата, Кочани вечерва ќе ги пречека родителите и блиските на загинатите на дванаесеттото протестно движење, симболично наречено „Марш за ангелите“. Маршот, организиран од

Зголемена фреквенција на возила на ГП „Табановце“, за влез и излез од државата се чека околу 40 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце времето
Go toTop