ЗНМ: Претставка до Судски совет за судијата Спировска Панева за неправедно исклучување на јавност од рочиште

October 19, 2023
1 min read

реклама


Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) поднесе барање до Судски совет за поведување на постапка за утврдување на одговорност на судијата Јованка Спировска Панева од Основен граѓански суд Скопје за сторена дисциплинска повреда – нестручно и несовесно вршење на судиската функција. На 13-ти октомври се одржа рочиште за постапка поведена по поднесена тужба за утврдување на граѓанска одговорност за навреда и клевета од Кочо Анѓушев, поранешниот вицепремиер во Владата на РСМ против Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) и главниот и одговорен уредник Сашка Цветковска за објавената сторија со наслов „Заговор против воздухот“ објавена на 16.05.2021 година.

По извршениот распит на странките, судијката Јованка Спировска Панева која го водеше рочиштето побара од новинарите и останатите лица кои беа во својство на јавност да ја напуштат судницата со усно образложение дека ќе се изведе доказ „Соочување на странки“ бидејќи изведувањето на овој доказ бара исклучување на јавноста. Оваа постапка го попречи и следењето на рочиштето кое ЗНМ со години го има како пракса во случаи како странка се јавува медиумски работник.

реклама

Како Здружение кое со години се бори за слобода на изразување и за правото на јавноста да биде информирана преку информациите што ги пренесуваат новинарите, нивното исклучување од судница за случај кој се води против нив, а поведен од високи функционери нема апсолутно никаква законска оправданост. Според одредбите од Законот за парнична постапка и според нашето сознание на рочиштето ниту се оддавала службена, деловна или лична тајна, ниту се нарушува јавниот ред, ниту пак е спротивно на општо прифатените морални вредности.

Бараме одговорност од судијката за оваа постапка, а од Судскиот совет на РСМ да поведе постапка за утврдување на дисциплинска одговорност согласно доставените докази и посочените законски одредби против судијата Јованка Спировска Панева и да изрече дисциплинска мерка согласно чл.78 од Законот за судовите на РСМ. Нагласуваме дека новинарите не смеат да бидат третирани како јавно зло бидејќи не работат на штета на граѓаните, туку во нивна корист.

реклама

Не треба да бидат замолчувани без право на пристап до информации, посебно во случаи каде тие се страната која е тужена заради завршена истражувачка работа. Ваквите постапки се директен напад на слободата на изразување која се темели на препораките поставени од Советот на Европа и Европската конвенција за човекови права.

реклама



VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Русија обезбеди 27 тони хуманитарна помош за населението во Појасот Газа

Следно

Претставник на Стејт департментот поднесе оставка поради американската еднострана поддршка на Израел

Latest from Blog

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30

Тоневски од Пробиштип: Довербата и транспарентноста се клучни за рамнотежа меѓу рударството и екологијата

Придобивките од рударството за општините мора да се разгледуваат заедно со грижите на населението и потребата од континуирана заштита на животната средина, порача градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, кој учествуваше на
Go toTop