ЗНМ побара од Град Скопје да се унапреди транспарентноста и комуникацијата со новинарите

January 19, 2023
1 min read

На барање на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), се одржа средба на градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска со претседателот Младен Чадиковски и претставници на ЗНМ.

На средбата, претставниците на ЗНМ и градоначалничката Арсовска дискутираа за одржување на редовни брифинзи со новинарите како начин за унапредувањето на транспарентноста на Град Скопје, при што во интерес на двете страни и јавноста е неделно да се брифира за настани поврзани со работата на градот.

Ставот на ЗНМ е дека многу е важно администрацијата на Градот Скопје да биде отворена и транспарентна кон новинарите бидејќи тие играат клучна улога во информирањето на јавноста.

Професионалните новинари помагаат на избраните функционери да бидат транспарентни пред граѓаните преку известување за нивните активности, политики и резултати, со што се гради доверба и кредибилитет. Дополнително, со слободниот проток на информации, се овозможува придвижување кон функционална демократија.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПОЧИНА СЛИКАРОТ И ИСТРАЖУВАЧ НА ШАРА АЛЕКСАНДАР НАСТЕСКИ

Следно

Бајден изрази сочувство до семејствата на загинатите во хеликоптерската несреќа во Украина

Latest from Blog

Мицкоски најави можно намалување на ДДВ за горивата

Владата планира намалување на ДДВ за нафтените деривати по последниот раст на цените на горивата, најави премиерот Христијан Мицкоски. На новинарско прашање дали се размислува за намалување на ДДВ, Мицкоски одговори дека

Вештакот Марковски: „Пулс“ бил безбеден во 2012 година, сопственикот бил должен да бара пренамена

На денешното судење за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во фокусот на вкрстеното испрашување беше вештакот Горан Марковски, декан на Градежниот факултет во Скопје. Во текот на испрашувањето, адвокатката на
Go toTop