Ученици од четврто одделение при ООУ „Никола Карев“ ја посетија Општина Пробиштип и одблизу се запознаа со работата на градоначалникот, општинската администрација и надлежностите на локалната самоуправа.
Во разговорот со градоначалникот Тони Тоневски, учениците поставуваа прашања за секојдневните активности и предизвици на општината и споделија свои идеи и предлози.
Тоневски рече дека го радува интересот на децата за случувањата во нивната средина и за тоа како самите можат да придонесат. Тој нагласи дека секое дете треба да добие можност да биде слушнато и охрабрено да предлага идеи.
Градоначалникот им се заблагодари на учениците и на нивните наставници за посетата и ги охрабри децата да продолжат да прашуваат и да учат.
„Вашите соништа, знаења и идеи се важен дел од иднината што заедно ја градиме за Пробиштип!“, порача Тоневски.

