Злотворите не можат да избегаат од казна“ – Јанкулоска и Илиевски по писмото од ЕСЧП

November 24, 2025
1 min read

Европскиот суд за човекови права денес објави дека отвора сериозни прашања во однос на документираните повреди на правото на правично судење во предметот против мене, за набавката на блиндирано возило за потребите на државата, напиша поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на својот профил на Фејсбук.

„Овие прашања не се само потврда на целото беззаконие и бескрупулозност на инсталациите на претходната власт во правосудството во однос на мене лично, туку и потврда дека токму тие инсталации беа најмоќната алатка за остварување на целите на таа влада. Иако поминаа скоро 5 години од поднесувањето на апликацијата пред ЕСЧП, а јас издржав неправедна драконска казна и штетата која ја претрпев на приватен и професионален план не може да се надомести, сепак сознанието дека од страна на ЕСЧП овие повреди се препознаени, за мене е една мала лична сатисфакција. Можеби конечно оние со 2% доверба ќе ја примат пораката дека не смеат да слугуваат на ничии интереси и агенди затоа што граѓаните ги плаќаат да ги штитат, а не да ги кршат нивните права. Госпоѓата која денес е на столбот на срамот, а која за своите злодела беше од страна на претходната власт дебело наградена со висока функција е пример дека судиската тога не е панцир што штити од општествен прекор. Се надевам дека конечно ќе има одговорност за сите сторени зла, но и ако тоа не се случи, немам дилема дека никој не може да му избега на судот на историјата“, наведе Јанкулоска.

Клучна фигура во овој случај е судијката Добрила Кацарска, кој прво претседавала со судскиот совет кој ги осудил Никола Груевски и Ѓоко Поповски за истото дело. Во таа постапка, при изрекувањето на пресудата, Кацарска ја спомнала Јанкулоска како лице што ги поттикнало или ги охрабрило нивните дела. Со такво предубедување, Кацарска, како претседателка на новиот судски совет, влегла во раздвоената постапка против Јанкулоска. Апликацијата тврди дека на овој начин судијката де факто веќе формирала став за вината на Јанкулоска пред воопшто да започне нејзиното судење.

Можеби ќе ве интересира

Дописот од Стразбур до македонската Влада го коментира и адвокатот Влатко Илиевски, сопруг на Јанкулоска, кој ја подготви нејзината апликација до ЕСЧП:

„Судскиот предмет ‘Тенк’ е case study во којшто се отсликуваат сите проблеми и целата трулост на македонското ‘пупка’ судство – срамно користење на прислушкувани разговори како докази, повреда на правото на одбрана (експресно судење, нееднаквост на оружјата и неконтрадикторност на постапката), отсуство на независност и непристрасност на судиите, повреда на презумпција на невиност, немање пристап до суд па дури и отсуство на суд (трибунал) основан со закон. Конечно, припадниците на злосторничкото здружение ќе треба да положат сметка и да дадат одговори за своите бестијалности, што верувам е прв чекор до конечната цел – целосна рехабилитација на Гордана Јанкулоска и одговорност (професионална и кривична) за злотворите од ‘пупка’ судството и рекетарското СЈО“.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Министерството за енергетика го подигна надзорот на повисоко ниво со современа технологија

Следно

Македонско друштво “Илинден“-Тирана ќе биде домаќин на следниот семинар на работната група на словенските малцинства во Европа при ФУЕН

Latest from Blog

Сијарто: Сите европски политичари треба безусловно да го поддржат планот за завршување на војната во Украина

Планот од 28 точки за прекин на војната во Украина треба безусловно да биде поддржан од сите европски политичари, изјави денес унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто. „Овој план претставува одлична

Поевтинуваат горивата, ова се новите цени

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар по литар, а за исто толку поскапува дизелот, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад

Потпишан договор за инклузија на Ромски деца во битолски градинки

Клубот на пратеници, денес беше потпишан трипартен Договор за соработка за учебната 2025/2026 година за инклузија на деца Роми во детските градинки, помеѓу Министерството за социјална политика, демографија и млади, Општина Битола

Македонско друштво “Илинден“-Тирана ќе биде домаќин на следниот семинар на работната група на словенските малцинства во Европа при ФУЕН

Македонското друштво “Илинден“- Тирана, до година ќе биде домаќин на семинарот на работната група на словенските малцинства во Европа при Федералната унија на европските националности (ФУЕН). Ова едогласно е одлучено на 28.

Министерството за енергетика го подигна надзорот на повисоко ниво со современа технологија

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини воведува современ дигитален систем и специјализиран дрон за надзор и мониторинг на концесиите за минерални суровини, соларна енергија и ветерни инсталации. Новата технологија овозможува прецизно
Go toTop