ЗЛАТНА МЕЧКА НА БЕРЛИНАЛЕ ЗА ФРАНЦУСКИОТ ДОКУМЕНТАРЕЦ „НА АДАМАНТ“ НА НИКОЛА ФИЛИБЕ

February 26, 2023
1 min read

Францускиот документарен филм „На Адамант“ на режисерот Никола Филибе ја доби престижната Златна мечка за најдобар филм на 73. Берлинале. Филмот ги носи гледачите на бродот на Сена во Париз кој служи како пловечки дневен центар за возрасни кои страдаат од ментални нарушувања.

„Тоа што документарен филм се наградува и слави, дека документарецот може да се смета за филм сам по себе, длабоко ме допира“, рече видно трогнат Филибер, примајќи ја наградата за која одлучи меѓународното жири на чело со американската актерка Кристен Стјуарт.

Филибер рече дека во филмот се обидел да ја „преврти сликата“ што луѓето ја имаат за оние со ментална болест и да им дозволи на гледачите да видат „што нè обединува надвор од нашите разлики“.

„Како што сите знаеме, најлудите луѓе не се оние што мислиме дека се“, додаде тој.

Сребрена мечка – Гран при за најдобра режија доби францускиот режисер Филип Гарел за „Големата кола“ за тројца браќа и сестри кои се обидуваат да го одржат во живот семејниот бизнис со кукли.

Наградата Сребрена мечка за најдобра улога ја доби Софија Ортеро за ликот во филмот „20 илјади видови пчели“.

Наградата на Меѓународната федерација на филмски критичари – ФИПРЕСЦИ, со чие жири годинава претседаваше македонската критичарка Гена Теодосиевска, е доделена на четири филма: „Опстанокот на добрината“ на австралискиот ветеран Ролф де Хер во главната конкуренција, „Овде“ на Белгиецот Бас Девос во селекцијата Средби, данскиот „Тивката миграција“ на Малене Чои во Панорама и романскиот „Помеѓу револуциите“ на Влад Петри во Форум.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Рамос повторно ќе игра со Роналдо?

Следно

Променливо облачно и релативно топло време, попладне ветер и врнежи

Latest from Blog

Мис Универзум Мексико ќе оди на суд- ја тужи организаторот на натпреварот (ВИДЕО)

Целата драма кулминираше со судска постапка по неколку недели јавни обвинувања. Како сè започна Раздорот започна на 4 ноември, кога Ицарагрисил јавно ја критикуваше мексиканската претставничка за наводно одбивање да учествува во

ВИТАМИНСКА БОМБА ЗА АНЕМИЈА

Чувство на постојан умор, бледа кожа, забрзано чукање на срцето и недостиг на здив – можеби мислевте дека е само последица на стрес и современиот начин на живот. Но што ако станува

ФОТО: Прогласена бојата за 2026 – Нов тренд во модата и ентериерот

Институтот за бои Пантон традиционално, како и секоја година, ја избира бојата за претстојната 2026 година и веќе ја гледаме насекаде околу нас. Доловувањето на културниот дух и трендовите за претстојната година
Go toTop