Променливо облачно и релативно топло време, попладне ветер и врнежи

1 min read

Времето ќе биде променливо облачно и релативно топло. Кон крајот на денот во западните и северните делови ќе има врнежи од дожд кои ќе продолжат и ќе се прошират преку ноќта, а локално ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец (на повеќе места со брзина над 60 км/ч). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.

Во Скопје променливо облачно и релативно топло. Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец. Во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 19 степени.

Под влијание на серија влажни бранови во текот на работната седмица ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, а на повисоките планини ќе врне снег. Дневната температура од понеделник ќе биде во опаѓање.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Претходно

ЗЛАТНА МЕЧКА НА БЕРЛИНАЛЕ ЗА ФРАНЦУСКИОТ ДОКУМЕНТАРЕЦ „НА АДАМАНТ“ НА НИКОЛА ФИЛИБЕ

Следно

Илјадници луѓе во Берлин повикуваа на мировни преговори со Русија

Latest from Blog