Жителите на Луботен до градоначалникот на Бутел: 10 годишната работа, вие ја завршивте за 1 месец (ВИДЕО)

March 23, 2023
1 min read

Жителите на Луботен се задоволни од сработеното на градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски. Според нив, досега ниту еден градоначалник не се заинтересирал за жителите од овој дел на општината како Костовски.

„Очекувавме овие патишта да се асфалтираат во рок од 10 години, но вие ги направивте за 1 месец“, рече еден жител на Луботен.

И другите жители изразија благодарност до градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски, за укажаната можност овој дел од општината да се чувствува еднакво во инвестициите со сите други делови.

„Ако продолжите вака да работите, НИКОЈ нема да може да ве замени“, му кажа друг жител на Луботен на градоначалникот Костовски.

Во меѓувреме, на својата официјална веб-страница првиот човек на Бутел, Дарко Костовски денеска напиша дека „Трудот, посветеноста, работата и држењето до дадениот збор не разликуваат од политичките противници!„

Костовски од првиот ден од стапувањето на функцијата почна со работна офанзива со цел да создаде подобри услови за живот во секој дел од општината со која он раководи.

 

MARKETING

MARKETING

Претходно

Судот во Хаг изрази загриженост за руските закани поврзани со налогот за апсење на Путин

Следно

Евростат: Граѓаните на Луксембург најбогати

Latest from Blog

Внатрешната контрола на МВР расчисти случај во Прилеп со пајак возило

По денешната објава на социјалните мрежи за наводно непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во Прилеп во врска со констатиран сообраќаен прекршок, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди

„Марш за ангелите“ во Кочани: Родителите на 62-те жртви од ноќниот клуб „Пулс“ повторно чекорат против тишината на институциите

Речиси четири месеци по најсмртоносниот пожар во историјата на земјата, Кочани вечерва ќе ги пречека родителите и блиските на загинатите на дванаесеттото протестно движење, симболично наречено „Марш за ангелите“. Маршот, организиран од

Зголемена фреквенција на возила на ГП „Табановце“, за влез и излез од државата се чека околу 40 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце времето
Go toTop