ЖИЛИЕТ БИНОШ ЌЕ БИДЕ ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА ЖИРИТО ВО КАН

February 5, 2025
1 min read

Француската актерка Жилиет Бинош ќе биде претседателка на жирито на 78. издание на Канскиот филмски фестивал, кој ќе се одржи од 13 до 24 мај. Ова е вторпат жена две години по ред да биде на чело на фестивалското жири, откако лани претседателка беше американската режисерка Грета Гервиг.

Легендарната француска глумица е ѕвезда на Кан низ годините. Таа првпат се појави на фестивалот пред 40 години, со премиерата на „Средба“ на Андре Тешине. Оттогаш уште многупати беше во Кан со нови филмови, како „Три бои: Синa“ на Кшиштоф Кишловски, „Скриено“ на Михаел Ханеке и „Сертификувана копија“ на Абас Кјаростами.

Бинош, актуелна претседателка на Европската филмска академија (ЕФА), е актерка, уметница и танчерка родена во Париз, која ги доби наградите Оскар, БАФТА, Европска филмска награда, Наградата на Здружението на филмски актери и Златниот глобус за улогата во филмот „Англискиот пациент“ од 1996. Бинош, исто така, е единствена жена што ги освоила признанијата за најдобра женска улога на сите три главни европски филмски фестивали – Златната палма во Кан за „Сертификувана копија“ (2010), актерската награда во Венеција за „Три бои: Сина“ (1993) и берлинската Сребрена мечка за „Англискиот пациент“ (1996).

„Во 1985 за прв пат чекорев по скалите со ентузијазам и неизвесност на една млада актерка. Никогаш не замислував дека ќе се вратам 40 години подоцна во почесната улога на претседателкa на жирито. Ја ценам привилегијата и одговорноста“, изјави Бинош.

Последен пат кога две жени беа последователни претседателки на жирито во Кан беше во 1966 година, кога Софија Лорен ја наследи Оливија де Хавиланд.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вистинска среќа е што ЈСП успеа да ги смени лепенките со погрешен превод во новите автобуси

Следно

Трајкоска-Стрезоски: Оваа генерација е најбројна до сега, 97 кандидати за судии и обвинители успешно го завршија завршниот испит

Latest from Blog

Николоски: Старата чаршија во Гевгелија повторно блеска

Старата чаршија во Гевгелија добива нов лик, а вечерната атмосфера дополнително го истакнува нејзиниот обновен изглед. Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, порача дека реализацијата на проектот е резултат

Хаос по смртта на најмладиот крал на светот: Како тоа не знаевме дека има син?

Претседателот Јовери Мусевени беше меѓу собраните на аеродромот Ентебе за да им оддадат почит. Кралот Ојо Њимба Кабамба Игуру Рукиди IV почина минатата недела во Соединетите Држави на 34-годишна возраст откако беше
Go toTop