Зендели за ТВ21: Џафери повторно манипулира – кандидат за ДИК може да дадат само Беса и Алтернатива

December 16, 2023
2 mins read

реклама


Во писмото на претседателот на Собранието Талат Џафери за номинација на член на Државната изборна комисија доставено до петте политички партии на Албанците од опозицијата постои обид за нова манипулација, обвинува пратеникот на Беса Фадиљ Зендели во изјава за ТВ21. Според него барањето за номинирање член на ДИК Џафери требал да го упати единствено до Беса и Алтернатива а не и до другите новоформирани партии. 

„Господинот Џафери согласно Изборниот законик требал да достави писмо само до движењето Беса и до партијата Алтернатива. Затоа што согласно Изборниот законик член 2 и во член 27 ќе видите дека таму се бара само политички партии кои учествувале на последните парламентарни избори. Дотичните три политички партии освен овие две што ги спомнав тие се нови политички партии и тие не учествувале на последните избори и како такви тие не треба да учествуваат на изборот на член на ДИК. Но, ова е уште една игра на господинот Џафери“, вели Фадиљ Зендели.

реклама

Писмото што деновиве го испрати Џафери е адресирано до Изет Меџити, Африм Гаши, Арјанит Хоџа, Скендер Реџепи и Биљал Касами како претседатели на партиите од опозицијата. Во него е наведен списокот со кандидати за член на Државната изборна комисија за која претходно беше усогласен на собраниската Комисија за избори и именувања и се бара најдоцна до понеделник да биде доставено име кое ќе го пополни испразнетото место во ДИК.

„Ве известувам дека согласно член 29 став 1 од Изборниот законик, во рок од три дена од денот на приемот на ова известување најдоцна до 18 декември 2023 година до 16,30 часот потребно е писмено да ми доставите предлог за член на Државната изборна комисија од листата доставена во прилог на Извештајот“, порача Талат Џафери.

реклама

Зендели вели дека тие ќе го запазат рокот и ќе го предложат Абдуш Демири за кого на Комисијата за избори и именувања првично беше отфрлена неговата кандидатура, а потоа по острата реакција на Зендели сепак беше прифатен. Тој, сепак се сомнева дека ќе има нова опструкција на собраниската седница за избор на член на ДИК. 

„Ние ќе аплицираме со наш кандидат се знае кој е нашиот кандидат, но очекувам дека опструкциите и блокадите во Собранието ќе продолжат од господинот Џафери и од мнозинството. Тој со самото тоа што испратил писмо до овие три политички партии значи дека тој на некој начин спрема нова опструкција и нова блокада за изборот на член на ДИК“, додаде Фадиљ Зендели.

реклама

И од опозициската ВМРО-ДПМНЕ се сомневаат на манипулации од страна на власта за изборот на член на ДИК.

„Во моментот тоа едно место е не пополнето иако сите знаат дека треба да е на опозицијата иако се прекршени неколку закони имајќи во предвид дека во законите има јасни норми и јасни процедури за колку време треба да се пополни Државната изборна комисија. Самото поигрување со овој процес покажува дека размислуваат за манипулации во изборниот процес“, вели Александар Николоски.

За изборот на член на ДИК е потребно двотретинско мнозинство, односно за него треба да гласаат најмалку 80 пратеници. Ова место остана испразнето од февруари годинава кога Алијанса за Албанците влезе во Владата а Кренар Лога кој претходно беше член на ДИК стана министер за правда.

реклама

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Кавадарци, во здравството последното возило е купено во 2012 година, а докторите се принудени сами да купуваат основни средства и лекови

Следно

Мицкоски во посета на Градско по повод денот на општината, градоначалникот Нацков со презентација на сработените проекти

Latest from Blog

Со многубројна публика заврши четвртото издание на „Taste the South“

По три дена исполнети со традиционални вкусови, музика, дегустации и дружење, во Гевгелија заврши четвртото издание на гастрономско-музичкиот фестивал „Taste the South“, кој се одржа со поддршка од Општина Гевгелија. Од 11

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар
Go toTop