Зеленски: Западот го изгуби чувството за итност во помагањето на Украина, а Украинците го изгубиja чувството за егзистенцијална закана

January 2, 2024
1 min read

Путин чувствува слабост како животно затоа што е животно. Тој чувствува крв, ја чувствува неговата сила. И ќе ве изеде на вечера со сета ваша ЕУ, НАТО, слобода и демократија, порача Зеленски во интервју за британски „Економист“

Армијата на рускиот претседател Владимир Путин не успеа да освои ниту еден голем град во 2023 година. Украина успеа да ја пробие руската блокада на Црното Море, овозможувајќи транспорт на милиони тони жито, вели во интервју за „Економист“ украинскиот претседател Володимир Зеленски, истакнувајќи дека тоа е „огромен резултат“.

Според украинскиот претседател, Западот го изгубил чувството за итност во помагањето на Украина, а многу Украинци го изгубиле чувството за егзистенцијална закана.

„Можеби не успеавме во 2023 година како што сакаше светот. Можеби сè не се случува толку брзо како што некој замислуваше. Но, помислата дека Путин победува не е ништо повеќе од чувство. А реалноста е дека руските војници умираат и на места како Авдиевка“,

рече Зеленски.

Според него, извори од британското одбранбено разузнавање проценуваат дека, според сегашните трендови, Русија до 2025 година ќе има повеќе од 500 000 жртви, убиени и ранети.

Украинскиот претседател изјави дека не гледа „никави фундаментални чекори кон мир од страна на Русија“, туку, како што наведе, тој, како и сите Украинци, го чувствува интензивирањето на воздушни напади врз украинските градови.

„Гледам само чекори на една терористичка земја. Ако Русија испраќа сигнали дека сака да го замрзне конфликтот, како што наведуваат некои западни медиуми, тоа не е затоа што се праведни, туку затоа што им недостигаат проектили, муниција или обучени војници“,

рече Зеленски.

Тој нагласи дека со поддршката на Украина, Европа се штити од руска агресија.

„Со тоа што ни давате пари или оружје, вие се издржувате себеси. Ги спасувате вашите деца, а не нашите. Ако ѝ се дозволи на Русија да зема украински деца, тие ќе земат и други деца. И ако Русија ги прекрши правата на Украинците, ќе ги прекрши правата на целиот свет“,

предупреди Зеленски.

Тој додаде дека ако Украина загуби, Путин ќе ги приближи своите војни до Западот.

„Путин чувствува слабост како животно затоа што е животно. Тој чувствува крв, ја чувствува неговата сила. И ќе ве изеде на вечера со сета ваша ЕУ, НАТО, слобода и демократија“,

рече Зеленски.

Тој во интервјуто за британскиот весник изјави дека разузнавачките служби на неколку европски земји почнале да ја проучуваат можноста Русија да нападне нивна територија, а, како што истакна, станува збор и за оние земји кои не биле дел од СССР. 

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ФОТО+ВИДЕО) Бројот на загинати во Јапонија се искачи на 30, продолжуваат спасувачките операции

Следно

Спремете ги чадорите, се очекуваат врнежи од дожд

Latest from Blog

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30
Go toTop