Зејди: Доколку ААА излезе сама на избори, ќе згасне како партија, реагираше Алити: Често прави предвидувања, но секогаш греши

August 30, 2023
1 min read

реклама



Доколку Алтернативата не коалицира со ниту една партија на изборите, ќе згасне. Вака изјави пратеникот Скендер Реџепи Зејди, коментирајќи ја соработката на партијата на Африм Гаши со новата партија, Демократското движење, на Изет Меџити и БЕСА на Билал Касами. Тој оценува дека доколку ААА и Алијансата за Албанците не коалицира на последните избори, немаше да добијат ниту еден пратеник.

„Се обединија бидејќи ААА немаше да добие ниту еден пратеник, никаде воопшто…“, рече Зејди.

Дали сметате дека ААА ќе згасне доколку излезе сама на избори?

Зејди: Секако, можат да пробаат, без никаков сомнеж со 0.3% според анкетите не може да се земе пратеник, пратеник може да се обезбеди кога имаш 1.5, или над 1 во анкетите тогаш можете да земете пратеник. Според последните анкети тие имаат 0.3, а толкава поддршка има СДСМ кај Албанците, тоа е повеќе од неуспех, тоа е згаснување.

реклама

Во врска со ваквата изјава реагираше Адмирим Алити од опозициската партија, кој смета дека прогнозите на Зејди за Алтернатива секогаш се погрешни.

„Детално не сакам да ја коментирам таа изјава, но како што знаете Зејди направи многу предвидувања за ААА, кои не излегоа точни, затоа претпоставувам дека и ова предвидување но и идните кои може да ги даде за ААА, пак ќе бидат погрешни.“, вели Алити.

реклама

Според Зејди, Алтернатива и Беса тогаш ги делеле идеалите, а сега ги обединува интересот. За него негативно изненадување е тоа што во овој момент Демократското движење им се приклучи имајќи предвид дека се работи за политички субјект кој е во фаза на формирање. На прашањето дали и Зејди ќе влезе со нова партија во овој опозициски блок, тој рече дека заминал од потонат брод, т.е. Алтернатива, и повеќе нема да стапне во него.

реклама

реклама



MARKETING

MARKETING

Претходно

Османи не знае дали партијата на Аријанит Хоџа преговара за влез во Владата, но вели дека е добредојдена во европскиот фронт

Следно

ЗБИРКАТА ФОНД 580 „БРАЌА МАНАКИ – БИТОЛА 1853-1964“ ПРОГЛАСЕНА ЗА КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО ОД ОСОБЕНО ЗНАЧЕЊЕ

Latest from Blog

Ристо Вртев: Денес е профитабилно да се „тамбура“ на национални жици

Овој пат во „Имаме неколку прашања за вас“ го имаме Ристо Вртев, основач на музичката група Архaнгел, нејзин фронтмен, композитор, текстописец и вокалист. Бидејќи ретко дава интервјуа за Рацин.мк ова беше прилика

Пожарите не стивнуваат: Два активни, четири под контрола, 22 изгаснати низ Македонија

Македонија повторно се соочува со огнени жаришта, но според последните податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), состојбата е стабилизирана. До утрово во 7 часот биле евидентирани вкупно 28 пожари на

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и

Макрон повика на контрамерки поради царините на САД доколку не се постигне договор

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја осуди одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини од 30 отсто на увозот од ЕУ и ја повика Европската комисија да подготви соодветни контрамерки
Go toTop