Османи не знае дали партијата на Аријанит Хоџа преговара за влез во Владата, но вели дека е добредојдена во европскиот фронт

August 30, 2023
2 mins read

„За такво нешто конкретно немам информации (за разговори за влез на ЕДП во Владата н.з.). Тоа што можам да кажам е дека идејата е да се промовира европскиот фронт… сега кога се поминува крстопатот е време секој да се позиционира, затоа европскиот фронт е отворен за сите. Така што во него има место и за партијата на Аријанит Хоџа“, изјави Османи одговарајќи на новинарско прашање колку се точни информациите за наводни разговори на партијата на Хоџа за влез во Владата

Министерот за надворешни работи и потпретседател на ДУИ, Бујар Османи, вели дека нема информации за наводни разговори за влез на партијата на Аријанит Хоџа – Европска демократска партија (ЕДП) во Владата.

Аријанит Хоџа, поранешен заменик-претседател на движењето Беса и актуелен лидер на новата партијата во албанскиот политички блок – Европска демократска партија (ЕДП) / Фото: Принтискрин (Архива)

Прашан колку се точни ваквите информации и дали во наводните разговори се разгледува опцијата ДУИ да отстапи дел од своите позиции во Владата, Османи денеска на прес-конференција рече дека тоа што може да го каже е дека идејата е да се промовира европскиот фронт, во кој, како што кажа, има место и за партијата на Аријанит Хоџа.

„За такво нешто конкретно немам информации (за разговори за влез на ЕДП во Владата н.з.). Тоа што можам да кажам е дека идејата е да се промовира европскиот фронт. Никогаш како до сега општеството не е поларизирано на про Европа и анти Европа. Сега е време кога се кршат копјата, сега кога се поминува крстопатот е време секој да се позиционира, затоа европскиот фронт е отворен за сите, независно од политички партии врз основа на етничка припадност, врз основа на идеолошка припадност или каква било друга припадност надвор од ЕУ. Така што, во европскиот фронт има место и за партијата на Арјанит Хоџа и другите партии што сметаат дека сега е време, после ова на Шарл Мишел, веќе нема простор за какво било губење време“,

изјави Османи на посебната прес-конференција што ја одржа по онаа со канадската министерка за надворешни работи Мелани Жоли, која е во официјална посета на С Македонија.

Дали има или не разговори за влез на Европската демократска партија во Владата, редакцијата на „360 степени“ одговор побара од лидерот на новата партија Аријанит Хоџа, но до објавувањето на овој текст тој не одговори на нашите телефонски повици и пораки.

Хоџа, инаку доскорешен заменик-претседател на Движењето Беса, реши да се одвои од неа и да формира своја партија откако тројца политичари од албанскиот опозициски кампус – неговиот доскорешен партиски лидер Биљал Касами, Изет Меџити од „огнените“ и Африм Гаши од Алтернатива соопштија дека создаваат заеднички опозициски фронт.

Како причина за ваквиот чекор Хоџа тогаш наведе дека целта на иницијаторите не е политичка промена, туку „перење“ политички фигури кои до неодамна биле актери во одржувањето на актуелната власт во живот.

Основачкото собрание на Европската демократска партија се одржа на 12 август во Скопје, а Хоџа тогаш изјави дека новата партија ќе дејствува конструктивно во Собранието, а првата битка ќе биде носењето на уставните измени.

Новата партија ЕДП формално нема свој пратеник во законодавниот дом, но неформално за нивен претставник во Собранието може да се смета Бастри Бајрами, кој заедно со Хоџа се одвои од движењето Беса. Тој од 26 јули дејствува како независен пратеник во Собранието.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Збирката ФОНД 580 „Браќа Манаки-Битола 1853-1964“ е прогласена за културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење

Следно

Зејди: Доколку ААА излезе сама на избори, ќе згасне како партија, реагираше Алити: Често прави предвидувања, но секогаш греши

Latest from Blog

Битола доби нова традиција: Илјадници посетители уживаа на Винскиот фестивал

Со многу емоции, благодарност и позитивна атмосфера заврши првото издание на Вински фестивал Битола, манифестација која во изминатите денови собра голем број посетители, љубители на виното, музиката и добрата забава. Организаторите преку

VLEN shpalos pikat e platformës politike

Partia VLEN përmes një kumtese për media ka shpalosur në detaje të gjtha pikat e platformës politike, duke filluar me barazinë reale të shqiptarëne në çdo institucion. Nga VLEN theksojnë se do

Рубио: Куба ја одби хуманитарната помош, за сѐ е виновен режимот

Изјавата доаѓа во време кога Куба се справува со последиците од разорниот ураган, ослабената економија и продолжениот недостиг на гориво, објави „The Hill“. САД веќе обезбедија 6 милиони долари хуманитарна помош за

ВЛЕН официјално се обедини: Почнува нова политичка ера за Албанците во Македонија

На 9 Мај – Денот на Европа, албанската политичка сцена во Македонија доби ново поглавје. Коалицијата ВЛЕН официјално се трансформираше во единствен политички субјект, испраќајќи порака за обединување, европска ориентација и нов

ВЛЕН испрати силна порака од Конгресот: Еднаквост, правда и европска иднина

На 9 Мај – Денот на Европа, албанската политичка сцена во Македонија доби ново поглавје. Коалицијата ВЛЕН официјално се трансформираше во единствен политички субјект, испраќајќи порака за обединување, европска ориентација и нов
Go toTop