Макрон повика на контрамерки поради царините на САД доколку не се постигне договор

July 13, 2025
1 min read

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја осуди одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини од 30 отсто на увозот од ЕУ и ја повика Европската комисија да подготви соодветни контрамерки доколку не се постигне поинаков договор.

– Со европско единство, повеќе од кога било, Комисијата треба да ја потврди решеноста на Унијата одлучно да ги брани европските интереси. Пред сè, тоа подразбира забрзување на подготовката на веродостојни контрамерки, со мобилизација на сите инструменти кои ѝ стојат на располагање, вклучувајќи ги и мерките против принуда, ако до 1 август не се постигне договор, порача Макрон во објава на Х.

Тој истакна дека Франција ја поддржува Европската комисија во преговорите, за кои очекува да се интензивираат, со цел до 1 август да се постигне заемно прифатлив договор.

Макрон додаде дека тој потенцијален договор мора да го одразува „почитувањето што трговските партнери како Европската Унија и Соединетите Држави си го должат едни на други, со своите заеднички интереси и интегрирани вредности“.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Филипче: Власта има 1.8 милиони евра за кампањи, но нема средства за семејствата на настраданите во Кочани

Следно

Започна „Охридско лето“, фестивал на врвни уметнички дострели

Latest from Blog

ВЛЕН: Улица по улица, проект по проект, Арачиново се менува

Арачиново секојдневно се менува преку реализација на конкретни инфраструктурни проекти, оценува ВЛЕН, од каде посочуваат дека инвестициите треба директно да се почувствуваат кај граѓаните и во локалните заедници. Од партијата наведуваат дека

Коњановски: Женското претприемништво е важен дел од развојот на Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, присуствуваше на средба со Советот за женско претприемништво на Општина Битола. На средбата присуствуваа и заменик-градоначалничката Марина Крстиќ и
Go toTop