Здружението на стоматолози: Пациентите ќе чекаат за забар со месеци или ќе плаќаат приватно

January 12, 2024
1 min read

Се известуваат граѓаните на РМ односно осигурениците на ФЗО дека се настанти големи промени во користењето на стоматолошките услуги во специјалистичките стоматолошки ординации. После 16 години преговори помеѓу ФЗО и специјалистите стоматолози конечно на крајот на годината фондот утврди приближно реална цена на специјалистичките услуги (протетски, ортодонтски и орално хируршки услуги). Но со тоа реши само едно барање од повеќето барања на стоматолозите специјалисти кој долги години преговараа, велат од Здружението на специјалисти стоматолози.

-Со тоа бројот на услугите што може една ординација да ги понуди се намали (преполови) за 50% . Тоа би значело дека докторот специјалист по соодветната специјалност може да пружи половина од услугите за соодветниот месец и на тој начин на осигурениците на ФЗО ќе им биде одземено правото навремено да добијат специјалистички стоматолошки услуги. На овој начин пациентите ќе чекаат повеќе месеци за да можат да добијат услуга во специјалистички ординации или ќе мора приватно да ги плаќаат услугите, велат тие.

Здружението на специјалисти стоматолози посочува:

– Со намалување на бројот на услуги фондот не го реши нашиот 16 годишен проблем: бидејќи истата сума пари (буџет) ја издвојува за специјалистичката стоматолошка дејност, а на осигурениците им ги преполови услугите.

Сите овие промени и измени на законот беа донесени три дена (28.12.2023) пред новата година. Во овој краток период докторите се затекнати и збунети како ова да им го објаснат на своите пациенти и како да постапуваат со нив.

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ердоган: САД и Велика Британија користат несразмерна сила во Јемен, Израел во Палестина

Следно

Хорор пад на Пинтуро во Венген, веднаш префлен во болница (ВИДЕО)

Latest from Blog

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар
Go toTop