ЗДРАВКО РАФАИЛОВСКИ, АВТОР НА ЗГРАДАТА „МАВРОВКА“, ЈА ДОБИ НАГРАДАТА „АНДРЕЈА ДАМЈАНОВ“ ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО НА АСОЦИЈАЦИЈАТА НА АРХИТЕКТИ

February 21, 2024
1 min read

Архитектот Здравко Рафаиловски, автор на објекти како зградата „Мавровка“ во Скопје и кулите во скопската населба Ново Лисиче, е добитник на наградата за животно дело „Андреја Дамјанов” за 2023, соопшти Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ). Наградата е признание за особени достигнувања и личен придонес во развојот на архитектурата и градителството во Македонија. Наградата свечено ќе му биде доделена утре (22 февруари) во Галеријата на Македонската академија на науки и уметности (МАНУ), а ќе биде отворена и ретроспективна изложба на овој еминентен архитект.

Рафаиловски дипломирал во 1975 и веднаш почнал да работи во оперативата на Градежното претпријатие „Гранит” од Неготино и накусо потоа преминува во Градежното претпријатие „Маврово”, како вработен во проектантското биро „Мавровопроект”. Таму, како што велат од ААМ, ја започнува долгогодишната проектантска работа и кариера и става потпис на голем број објекти.

Рафаиловски е автор на дизајнот на Кулите во Ново Лисиче. (Фото: ААМ)

„Личниот професионален пат го започнува како проектант-соработник, а кон крајот на 1970-тите и сѐ до средината на 1980-тите години професионално соработува со архитект Донка Петкова-Костиќ. Оперативно продолжува да работи како главен проектант и проектира станбени, комерцијални и деловни објекти, кои се издвојуваат во неговиот работен опус. Преку матичното проектантско биро ‘Мавровопроект’, архитект Рафаиловски е ангажиран за проектирање и изведба на објекти во многу градови на поранешна Југославија, но и на тогаш популарните дестинации Либија и Советскиот Сојуз. Со акумулираното работно искуство, именуван е за технички директор на ‘Мавровопроект’ (подоцна преименувано во ‘Прима инженеринг’) и од оваа позиција, раководи со техничката документација за многу значајни објекти, сѐ до завршување на професионалната кариера во 2015“, велат од Асоцијацијата.

Рафаиловски е автор на објектот „Шехерезада“. (Фото: ААМ)

За комерцијално-деловната зграда „Мавровка“, од Асоцијацијата велат дека е пиедестал во неговиот архитектонски опус, а со тој проект во 1993 станал  добитник на престижната награда на Асоцијацијата на архитекти, Гран-при на Биеналето на македонска архитектура-БИМАС.

Активен член е на Асоцијацијата на архитекти на Македонија, а членува и во Комората на овластени архитекти и инженери, од самото нејзино основање.

Со добивањете на наградата „Андреја Дамјанов” за 2023, Рафаиловски станува член на Академијата на архитекти на Македонија, која функционира во рамките на ААМ.

ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СДС да го поддржи предлог законот за продолжување на важноста на пасошите, порача ВМРО-ДПМНЕ

Следно

Ретклиф: Ова е почеток на враќањето на Јунајтед на врвот на англискиот, европскиот и светскиот фудбал

Latest from Blog

Божиновска: Енергетската транзиција мора да значи инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна иднина

Праведната енергетска транзиција мора да значи конкретни инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна енергетска иднина, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Таа информираше дека е одржан координативен состанок со

САД признаваат дека поседуваат оружје во вселената, Русија веднаш повикува на забрана

Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, изјави дека Москва смета оти сè уште не е доцна за правно обврзувачки договор со кој би се забранило распоредувањето на офанзивно оружје во вселената.

Меџити по пресудата во Хаг: Борбата за вистината продолжува

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, ја оцени како разочарувачка и длабоко неправедна денешната одлука на Хашкиот суд за поранешните лидери на ОВК. Меџити во својата реакција порача
Go toTop