ЗАВРШИ РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦАТА 38 22.6.2023

June 22, 2023
1 min read

Денес завршија работите на реконструкцијата на улица 38, крак на улицата Македонско Косовска Бригада,  во Општината  Шуто Оризари.  

По налог на Град Скопје екипите на ЈП Улици и патишта, за само неколку дена успешно ја реализираа поставената цел за реализација на реконструктивниот зафат и на општо задоволство на жителите, денес ја завршија реконструкцијата.

Со реализацијата на овој проект, граѓаните на Шуто Оризари во должина од 450 метри добиваат 1800 квадратни метри нова патна инфраструктура и решение за долгогодишни проблеми во овој дел од градот. Во текот на реконструкцијата извршен е  ископ на оштетен асфалт, се постави нов слој тампон  и се асфалтира целосно оформената  површина  со нова асфалтна маса тип БНС- 16.

Град Скопје, планира наскоро на овој потег,  да  изврши реконструкција и на улиците  50  и  40 со должина, со што ќе се опфати поголем дел од сообраќајниците што се од витално значење за граѓаните.

Нашите сограѓани заслужуваат да се слушне нивниот глас и реализираат нивните барања. Главната цел на тековните градски градежни активности во Скопје е градот да се развива рамномерно, со реализација на проекти и во урбаниот и во руралниот дел.

ИЗВОР: skopje.gov.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Флорентино Перез го избра наследникот на Анчелоти

Следно

„Родовите приказни низ објективот“ – изложба на фотографии на Ерина Богоева

Latest from Blog

ВЛЕН: На Ахмети му доаѓаат тешки денови, случајот „Груби“ отвора низа прашања

ВЛЕН отвора прашања околу политичките случувања во ДУИ и најавите на лидерот Али Ахмети за повлекување од активната политика, поврзувајќи ги со актуелните случувања околу Артан Груби. Во реакцијата се оценува дека

Видео: Јапонија погодена од рекордни врнежи. Илјадници заглавени на аеродром, четворица загинати во поплавите

Најмалку четири лица загинаа во поплавите, а многу домаќинства останаа без електрична енергија. Во делови од префектурата Чиба, која граничи со Токио, за 24 часа наврнаа повеќе од 360 милиметри дожд, поплавувајќи

Општина Битола: По пријавите од граѓаните, инспекторите со засилено присуство на терен

Поради зачестените пријави од граѓаните и зголемениот број евидентирани прекршоци во повеќе области, Општина Битола, како и минатата година, повторно воведува секојдневни дежурства на општинскиот инспекторат и надвор од утврденото работно време.
Go toTop