Флорентино Перез го избра наследникот на Анчелоти

June 22, 2023
1 min read

Карло Анчелоти следната сезона ќе ја помине на клупата на Реал Мадрид и најверојатно таму ќе ја заврши својата голема кариера. Претседателот на „кралскиот клуб“, Флорентино Перез има план кој ќе го наследи Италијанецот.

Нов тренер на Реал би можел да стане поранешниот фудбалер на овој клуб Чаби Алонсо. Легендарниот играч за врска гради многу добра кариера во Баер Леверкузен и неговиот исклучително убав стил на игра го привлече вниманието на многумина.

Очигледно, претседателот Флорентино Перез исто така е убеден дека 41. годишниот играч може да биде вистинското решение за клупата на Реал и наводно тоа го направи кандидат број еден за преземање на клубот во летото 2024 година.

Чаби Алонсо тренерската кариера ја започна во Реал Сосиедад. Го водеше Б тимот на овој клуб, а работата во Баер Леверкузен му е прва сериозна тренерска работа во кариерата.

Чаби Алонсо е добро познато лице во светот на фудбалот. Кариерата ја започна во Реал Сосиедад, а потоа играше за Ливерпул, Реал Мадрид и Баерн.

Тој беше член на Реал Мадрид од 2009 до 2014 година и одигра 236 натпревари и постигна шест гола. Во тој период работеше со Анчелоти и Жозе Мурињо.

Како тренер го предводеше Баер од Леверкузен на 37 натпревари минатата сезона, со учинок од 17 победи и по 10 нерешени и порази.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во силна експлозија во Париз повредени најмалку 37 лица

Следно

ЗАВРШИ РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦАТА 38 22.6.2023

Latest from Blog

ВЛЕН: На Ахмети му доаѓаат тешки денови, случајот „Груби“ отвора низа прашања

ВЛЕН отвора прашања околу политичките случувања во ДУИ и најавите на лидерот Али Ахмети за повлекување од активната политика, поврзувајќи ги со актуелните случувања околу Артан Груби. Во реакцијата се оценува дека

Видео: Јапонија погодена од рекордни врнежи. Илјадници заглавени на аеродром, четворица загинати во поплавите

Најмалку четири лица загинаа во поплавите, а многу домаќинства останаа без електрична енергија. Во делови од префектурата Чиба, која граничи со Токио, за 24 часа наврнаа повеќе од 360 милиметри дожд, поплавувајќи

Општина Битола: По пријавите од граѓаните, инспекторите со засилено присуство на терен

Поради зачестените пријави од граѓаните и зголемениот број евидентирани прекршоци во повеќе области, Општина Битола, како и минатата година, повторно воведува секојдневни дежурства на општинскиот инспекторат и надвор од утврденото работно време.
Go toTop