Започнува спроведувањето на мерката „гарантирана цена“ – Јовановиќ: Не се подобрува стандардот, се стопира само сиромаштија

September 20, 2023
1 min read

реклама



„Гарантирана цена“ е ознаката која ги означува намалените цени со последната економска мерка. Иако сите маркети не ја ставија оваа ознака, минимално намалување на цените има, барем во оние маркети што ги посети ТВ21. На пример, лебот од 33 сега се продава за 30 денари. Најмалку 10% поевтино ќе можете да ги купите прехранбените производи кои се вклучени во оваа мерка, почнувајќи од денеска до 30 ноември.

Ова и е главниот проблем на мерката според економскиот аналитичар Бранимир Јовановиќ. Вели дека мерката важи многу кратко за да ги даде вистинските ефекти. Според него, цените треба да се замрзнат најмалку 6 месеци за граѓаните навистина да почувствуваат олеснување.

реклама

Иако министерот Бектеши рече дека оваа мерка ќе влијае на намалување на инфлацијата, особено во делот на храната, Јовановиќ вели дека такво нешто нема да се случи бидејќи според него за подобрување на стандардот на граѓаните, инфлацијата треба да биде од 1 до 2%.

Речиси идентични мерки воведоа Србија и Хрватска, во Хрватска дури производите со намалени цени имаат ознака “ограничени цени“, меѓутоа за разлика од кај нас, овие мерки таму ќе важат на неодредено време. Според Бранимир Јовановиќ, замрзнувањето на цените е добра економска мерка која во одредени случаи се користи и во ЕУ, но како што вели, доколку владата не ја продолжи мерката и по 30 ноември, постои опасност маркетите да ги напумпаат цените уште повеќе од тоа што биле.

реклама



VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски до Груевски: Не би сакал никогаш да им правам на луѓето тоа што не сакам луѓето мене да ми прават

Следно

Успешна презентација на Патувачкото кино на „МакеДокс“

Latest from Blog

Коњановски: Интензивно се градат спортски терени во ОУ „Гоце Делчев“ и „Даме Груев“

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, информира дека со забрзана динамика продолжува реализацијата на проектите за изградба и реконструкција на спортски игралишта во основните училишта во градот. При увидот во Основното училиште „Гоце

Коњановски: Богатата историја, култура и економските потенцијали на Битола претставени пред унгарска делегација

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска оствари средба со делегација од Будимпешта – Дистрикт 18, предводена од градоначалникот Шандор Санисло, на која беше потврдена заложбата за натамошно унапредување на долгогодишната соработка

Инвеститорите активни на Македонската берза: 14 милиони денари промет, Комерцијална банка лидер

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 27.07.2026 заврши со благ пораст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.367,12 поени. Во

Инфантино за критиките за Светското првенство: Додека ширите омраза, ФИФА ја приредува најдобрата претстава во светот

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, одговори на критиките за Светското првенство кое се одржа во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико од 11 јуни до 19 јули. „Ова е мојата порака до

Иран повторно ѝ се закани на Бугарија

Ова е трето вакво предупредување, а следуваше набргу откако американскиот претседател Доналд Трамп му се заблагодари на бугарскиот премиер Румен Радев за поддршката, пишува Euronews. Во изјавата на социјалните мрежи, портпаролот на
Go toTop