Западот почна да добива „отрезнувачки“ извештаи од контраофанзивата

August 9, 2023
1 min read

Кога украинските процени станаа реалност сега Си-ен-ен пишува дека западни функционери почнале да добиваат се „поотрезнувачки“ процени за способноста на украинските сили да освојат значителен дел од територијата.

„Се уште се следи, уште неколку недели, дали ќе има шанси за некаков напредок. Меѓутоа дека тие навистина ќе имаат напредок кој ќе го промени балансот на судирот, мислам дека е, екстремно многу неверојатно,“ изјавил висок западен дипломат за Си-ен-ен.

За демократскиот конгресмен, Мајк Квигли, кој неодамна беше во Европа на состанок со американските команданти што ги обучуваат украинските оклопни сили,  извештаите што ги добиваат „се отрезнувачки, постојано нè потсетуваат за предизвиците со кои се соочуваат. Ова е најтешкото време од војната.“

Од почетокот на војната Украинците успеаа да ги испеглаат главно сите проблеми во своите редови и да се опремат неспоредливо подобро од пред 24 февруари 2022. Меѓутоа сето тоа траеше доволно долго што на Русите им овозможи да постават за сега непробоен одбранбен ѕид по должината на фронтот, составен од илјадници километри ровови, тенковски препреки и десетици илјади мини.

„Русите имаат повеќе одбранбени линии а украинските сили ја немаат вистински пробиено ни првата линија.

Дури и ако тие продолжат да се борат и во следните неколку недели, ако во овие седум, осум недели до сега не направија некој поголем напредок, тогаш која е веројатноста дека сега тие одеднаш со уште поистрошена војска ќе успеат да направат нешто? Условите се тешки,“ ја пренесува Си-ен-ен изјавата на висок западен дипломат.

На дел од соговорниците на Си-ен-ен им е јасно дека Украина е во крајно тешка позиција и има монументална задача, порачувајќи дека се уште веруваат дека има време и простор за значителен напредок, признавајќи им дека тие сепак се на фронтот и покрај сите загуби продолжуваат да се борат и да напредуваат.

Западната процена е дека сезоната за контраофанзива ќе заврши со доаѓањето на зимата, но и дека надуениот оптимизам од почетокот на контраофанзивата доведе до „нереалистични“ очекувања на Западот кои сега мутираа во размислување дека земјата може треба да почне со мировни преговори, со можноста за откажување од дел од територијата.

Стравот е и дека се поголемиот гап меѓу очекувањата и резултатите ќе доведе до размена на обвинувања меѓу украинските функционери и нивните западни сојузници, „што може да создаде поделба во рамките на алијансата која остана обединета и по речиси две години војна.“

На форумот во Аспен Зеленски посочи на проблемот со бавната испорака на оружје и муниција од Западот, што довело до одложување на контраофанзивата.

„Ние планиравме контраофанзивата да ја почнеме на пролет, но тоа не се случи. Бидејќи искрено немавме доволно муниција и оружје, и немавме доволно соодветно обучени единици. Мислам обучени за употреба на овие оружја,“ порачал украинскиот претседател.

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

„Флипбук филм фестивал 2023“ од 10-13 август во знак на 100-годишнината од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов

Следно

(ВИДЕО) Без промена на Уставот, С Македонија ризикува да биде одвоена од Албанија на патот кон Европската унија, вели европратеникот Ќучук

Latest from Blog

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и

Макрон повика на контрамерки поради царините на САД доколку не се постигне договор

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја осуди одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини од 30 отсто на увозот од ЕУ и ја повика Европската комисија да подготви соодветни контрамерки

Филипче: Власта има 1.8 милиони евра за кампањи, но нема средства за семејствата на настраданите во Кочани

На средбата се разговараше за потребата од државна  поддршка  за семејствата на настраданите од трагедијата во Кочани. Претседателот Филипче посочи дека власта не прифати ниту еден  предлог на СДСМ за помош за

Барди ќе го носи дресот на Коњаспор

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди денеска беше претставен како нов играч на Коњаспор. Тој во следните две сезони ќе го носи дресот на овој турски тим. Ова воедно ќе биде
Go toTop